Интегралне текст на прес конференцијата на Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип:
“Како и другите лаги, така се обелодени и лагата за ефикасен јавен превоз.
СДС ветуваше, но како и со се‘ друго, така и јавниот превоз остана неисполнета желба за прелажаните граѓани.
Меѓутоа, кога веќе сме на прагот на нови локални избори и кога граѓаните бараат отчет од сработеното за овие три години, локалната самоуправа е должна да одговори:
Кога ќе се стави во функција јавниот превоз на патници?
Дали кога замина Бочварски, замина и ветувањето за општински линиски превоз?
Со кој образ оваа локална самоуправа ќе се појави пред излажаните гласачи во Бабите, Три Чешми, Железничка, Балканска и другите оддалечени населби?
Дали и на овие избори, СДС повторно ќе бара гласови со лажни ветувања, кои, ете гледаме дека не се способни да ги исполнат?
Кои и да се одговорите на овие прашања, јасно е дека ниту се среди сообраќајниот хаос, ниту се изградија катни гаражи, а најмалку се обезбеди ефтин и еколошки превоз за граѓаните и студентите.
Оваа локална власт треба да има одговорност за измама.
Време е да си оди и тоа со првиот превоз, а тоа се брзите локални избори! “


