Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја, особено во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и гpмежи. УВ индексот 9.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.
Под влијание на топла воздушна маса, следува период на значително потопло време.
Во следните денови во попладневните часови локално ќе има краткотраен пороен дожд проследен со гpмежи, понекаде и појава на град, а понecтабилно ќе биде од почетокот на следната недела.