Утринава членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани се вклучија во крводарителска акција со која даруваа од течноста што живот значи за потребите на здравствените установи и пациентите.
“Втора акција на ВМРО ДПМНЕ Кочани…продолжуваме со хуманост и арна мисла!
Голема БЛАГОДАРНОСТ на сите крводарители кои и денес, несебично даруваа капка ЖИВОТ, а особено на оние кои прв пат даруваа КРВ. Денес сме особени среќни што со нашата хуманост и дарување на крв, ќе спасиме нечиј живот. Ќе продолжиме по патеките на добрите дела.
Дарувај крв-спаси ЖИВОТ!”
-напишаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани на својата фејсбук страница во врска со оваа хумана акција.


