Кандидатот за градоначалник на Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како дел од своите политички и програмски определби во јавноста ја афирмираше својата решеност да ја претвори општина Делчево во вистински демократска и модерна општина со досега максимално ниво на соработка со сите заинтересирани страни како во општината така и пошироко.
Во изминатиот период Д-р Стојменовски преку социјалните мрежи во јавноста ја афирмираше поддршката од многу млади и успешни луѓе речиси од сите светски мередијани. Поддршката која пристигна за Д-р Николчо од Словенија, Хрватска, Бугарија, Израел, Украина, Русија, Велика Британија, Австралија…. секако е во насока за унапредување на бизнис релациите на Делчево и бизнис секторот во Делчево во иднина, но и потенцијални инвестиции и размена на знаења и технологии за развој на градот кој го носи името на Гоце Делчев.
Дополнително преку примена на систем на добро осмислени и меѓусебно компланарни проекти предвидени во програмата на Д-р Николчо Стојменовски тој планира да го подигне нивото на квалитет за работа на вработените во апштинската администрација и да изгради максимално демократски отворена и јавна општина која во најкраток временски рок ќе ги решава проблемите на граѓаните во рамки на своите широки надлежности.
Денеска преку социјалните мрежи Д-р Стојменовски во јавноста афирмираше токму таков еден свој проект:
“Преку спроведување на современи и практични форми на соработка со граѓаните, здруженијата на граѓани, приватниот сектор и поединци, како што се:
-Бизнис форумите,
-Форуми на заедниците,
-Буџетски форуми,
-Партиципативни тела за донесување одлуки,
-Електронски и теренски анкети,
-Редовни отворени прес конференции за медиуми,
-Отворени средби на општинската администрација со граѓаните,
-Директни поединечни средби на службени лица со граѓаните,
-Пренесување на седниците на Советот на Општина Делчево преку социјалните мрежи и општинскиот веб сајт.
Општина Делчево во периодот 2021-2025 година ќе прерасне во вистинска демократска и граѓанска општина фокусирана кон потребите на секој човек и секој правен субјект без исклучок во рамки на своите надлежности.”
-напиша на фејсбук Д-р Николчо Стојменовски.


