Предизборниот караваа на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи свои митинзи пред граѓаните на Македонска Каменица, Делчево и Пехчево и Берово.
Денеска во 16.30 часот свое претставување пред жителите на Македонска Каменица ќе има кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски заедно со листата на кандидати за советници во советот на Општина Македонска Каменица. Овој митинг е најавено дека ќе се одржи во Домот на Културата а свое обраќање ќе има и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Христијан Мицкоски.
Во 18.00 часот на голем народен митинг свое претставување ќе има кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски на летната сцена во градскиот парк во Делчево.
На митингот говор ќе одржат кандидатот за градоначалник Д-р Николчо Стојменовски, носителот на советничката листа Сашко Ивановски и претседателот на ВМРО ДПМНЕ г-нот Христијан Мицкоски.
Потоа свои претставувања пред жителите во Пехчево во 19.30 часот и во Берово ви 20.30 часот ќе имаат и кандидатите за градоначалници Александар Китански и Елеонора Рашковска како и кандидатите за советници од Пехчево и Берово на митинзи во овие градови.


