• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Ден потоа, “Заевизмот” останува

ноември 1st, 2021 Колумна коментари 655

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ден потоа, “Заевизмот” останува

Оставката на Зоран Заев во СДСМ треба да се ефектуира на нов конгрес кој што после регуларниот кој што беше одржан на на 16 мај оваа година е единствениот статутарен начин за промена на лидерското место во СДСМ. И тука “Заевизмот” има инсталирано своја замка за сите оние кои што ќе се обидат да ја изземат партијата СДСМ од канџите на овој се уште моќен систем наречен “Заевизам” како во државата така и во партијата. Запаметете, човекот кој што речиси акламативно глумеше демократија како единствен и неприкосновен кандидат за лидерското место во СДСМ на конгресот на оваа партија на 16 Мај, треба да биде разрешен од истите тие делегати кои што тогаш го изгласаа за нивен претседател.

01 Ноември 2021 година…. Зоран Заев или уште полошо “Заевизмот” продолжува да опстојува и на голема врата да го модерира животот на секој граѓанин на Македонија. Придружен механизам на овој владеачки инструментум и понатаму е ДУИ кои исто како и СДСМ уште еднаш го обележаа своето место на политичката сцена во Македонија со пролонгиран рок на употреба и влијание.

Одбројувањето за конечниот пад на Зоран Заев само што започна а Македонија допрва ја очекува својата иницијална каписла на својот ракетен погон за да почне да се одвојува од полугите на досегашниот режим кои се уште ја држат закотвена, па дури тогаш да може да се подигне од платото на својот имагинарен космодром.

Изминатите пет недели за обичните Македонски граѓани не беа ниту долги ниту драматични. Тие пет недели беа логичко слетство на се она што се случуваше во изминатата година- година ипол од периодот пред предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година.

Од друга страна пак изминатите пет недели беа вжештени и драматични за партиските активисти и симпатизери на опозициските партии на чии што плеќи падна сета жестина на репресија на “Заевизмот”. За сите нив ликот и делото на Зоран Заев беа повеќе од пеколни, но слугата на “ѓаволот” за остатокот од граѓаните не успеа до крај да го открие својот монструозен лик заклучно со вчерашниот ден.

Баш напротив, во очите на неговите следбеници тој е се уште маченикот од малото село Муртино, кој неправедно ги изгубил вчерашните и изборите од пред две недели. Зоран Заев за оние кои дебело се “омрсија” од чорбата во која беше варен Македонскиот народ во изминатите повеќе од 4 години, е херојот кој што овозможил демократски трансфер на власта во најголемиот број на општини во Македонија. Тој дури во името на сите нив ја превзеде одговорноста за поразот врз своите плеќи и во еден месијански манир поднесувајки оставка во СДСМ и премиерската позиција се обидува да остави свој позитивен белег на времето кое што беше најцрниот период од македонската самостојност до ден денес.

Месијанството на Зоран Заев синоќа отиде и чекор понатаму оставајки вербален аманет на “неговите прогресивни сили” во државата кои после него треба да продолжат да владеат со народот.

И тука е “штосот” на “Заевизмот”! Инсталациите кои пумпаа пари од државниот буџет, љубоморно уживајки во хедонизмот на власта предводена од Зоран Заев на грбот на Македонските граѓани, според Зоран Заев треба да продолжат да владеат во владата и во државата како централна власт наспроти опозициското расположение ширум Македонија.

Постои можност Зоран Заев да биде детронизиран од премиерската функција во “ружна ви е Владата”- зграда на ул. “Илинденска” бб а да го зачува расклиманото столче на “Бихачка”. Нешто како Никола Груевски за да обезбеди поблагопријатен трансфер на власта во институциите и да подготви терен за доаѓање на новата власт. Веќе виден шаблон! Ништо изненадувачки.

Она што Зоран Заев а особено “Заевизмот” многу тешко ќе го погоди е декриминализацијата на институциите, борбата за справување со корупцијата која е инфилтрирана во секоја пора на истиот тој “Заевизам” кој до драматично дно го продлабочи веќе постоечкиот криминал.

Покрај говорот на Зоран Заев со неговите месијански “испади” во контекст на овој ден потоа нужно е да се спомене одржаниот победнички говор на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше во умерен тон, без многу еуфорија и “чаталење”. Се чини еуфоричниот победнички дух на ликови од минатото во партијата која во својот назив има “револуционерна” е научена лекција за актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој глорифицирачки призвук “победуваме таму и таму, и таму и таму, и таму и таму….” иако е се уште присутен во палатата “Христо Татарчев” е бледа слика на владеењето, наместо слугувањето на народот. Во таа синоќешна “еуфорија” некој потегна да извикува”Цело Скопје ВМРОвски град”, но благовремено беше спречен. Е, токму тој момент е најзначајната точка во зенитот на сега веќе изминатите локални избори 2021 година.

ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје не победи! Победија граѓаните на кои им беше преку глава од “Заевизмот” како таков.

ВМРО-ДПМНЕ победи низ општините во Македонија благодарение на трудот и залагањета, капацитетот и способноста на првенствено на своите кандидати, а загуби во оние општини каде на површина не можеа да излезат ваквите квалитети во внатрепартиската хиерархија.

Оттука правецот на развој на политичките прилики во државата нема да бидат црно-бела слика на минатото кое што како држава ја донесе Македонија на работ на својот егзистенцијализам.

Потребни се уште поголеми реформи, уште повеќе реструктурирање на центрите на моќ, како во партиите така и во институциите на државата.

Македонија мора да тргне напред, ако сакаме да постои Македонизмот во неговата најизворна форма која сметам дека е и најпотребна на овој дел на светот.

Имаме луѓе, имаме знаење, за првпат имаме и огромна поддршка на меѓународна сцена! Овој распоред на фигурите на нашава шаховска табла во голема мера оди во прилог на идејата за конечна слобода и одржлив просперитет на Македонските граѓани.

Да посакаме тој час да дојде што е можно поскоро.

Пишува: Кирчо Анастасов

Продолжува: Шо треба уште да напрајме за да се опрајме?

  • Ознаки
  • 2021
  • анализа
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кирчо Анастасов
  • Колумна
  • Локални избори
  • СДСМ
  • став

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Предавници и херои"- нова песна на Мирослав Шкоро
Следна објава Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 614
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 629
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 614
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 600
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 530
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 964
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 614
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 747
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 793
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

770
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1731
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1456
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201920
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202219
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.