Времето викендов ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, а дневната од неверојатни 13 до 21 степени Целзиусови. Стабилно време не очекува во периодот што следи се до средината на наредната недела, а дневните температури ќе бидат над просекот за ова време во годината. Од среда се очекува постепен пад на дневните температури.
Денес и утре ни претстои преубав сончев викенд , од среда следи заладување


