Денеска по повод 7 Април кој што во меѓународни рамки е прогласен за Светски ден на здравјето честитки но и умерени критики за денот на здравјето, упати членот на Централната Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ, Гоце Марков, кон власта која го менаџира здравството, кон сите асоцијации, здруженија, синдикати кои треба постајано да го едуцираат медицинскиот персонал.
“5 години без никакви обуки, семинари…
Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април, на годишнината на основањето на Светската здравствена организација. Секоја година се иницира здравствена тема која ги поврзува луѓето од целиот свет. Според дефиницијата за здравје, кое не е само отсуство на болест, туку целосна психичка, физичка и социјална благосостојба, ние денес очигледно е дека кубуриме со здравје.
Разните организации и асоцијации, надвор од традицијата за одбележување на денот, не иницираа дружби, состаноци, обуки, семинари…како би биле на нивото (или барем чувството да биде позитивно) на ,,белиот мантил” кој порано а и за време на Корона кризата беше алфа и омега во општеството. Можеби и затоа падна довербата кај граѓаните, којзнае?!
Нека е честит денот и да се обидеме да го заслужиме како здравствени работници, ние со поголема ангажираност а граѓаните со поголемо разбирање за условите…”
-стои во реакцијата на Гоце Марков- член на Централната Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ