• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Депонијата во Делчево гори веќе втора недела. Иста приказна секоја година- ситуацијата со депониите акутна во континуитет во Брегалничкиот регион

јуни 4th, 2020 Македонија коментари 800

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Депонијата во Делчево гори веќе втора недела. Иста приказна секоја година- ситуацијата со депониите акутна во континуитет во Брегалничкиот регион

Револтирани делчевчани остро реагираат за отровните гасови кои што ги емитува делчевската депонија во амбиенталниот воздух веќе подолг временски период. Ваквата недозволива ситуација се случува пред очите на сите граѓани на Делчево и нема информации во јавноста дека надлежните превземаат било што за нејзино сузбивање. И покрај периодичните врнежи на дожд во Делчево во изминатите денови градската депонија која се наоѓа во непосредна близина на градот, не престанува да чади.

Проблемот е дотолку поголем што локацијата на депонијата е на повисок терен од поголемиот дел од градот Делчево а благите ветрови кои струјат по брегалничката долина, чадот од согорувањето го носат точно над домовите на делчевчани. Први на удар на отровните гасови од депонијата се жителите на селото Полето, селото Габрово и населбата Милково Брдо во Делчево.

Решението на проблемите со состојбата со градската депонија во Делчево е обемен проектен зафат кој што започна поинтензивно да се разговара и планира уште во 2014 година, но до ден денес активностите се сведени само на тоа.

Пред 2014 година процесот стагнираше повеќе од 7 години по што поамбициозно започна имплементацијата на проектот „Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратегиска оцена на животната средина за Источен и Североисточен плански  регион” кој што беше финансиран од страна на ИПА Инструментот на Европска Унија, а е имплементиран од страна на консултантската куќа ENVIROPLAN S.A. од Грција и нејзините конзорциумски партнери C&E Consulting und Engineering GmbH – BT Engineering Ltd. Договорни органи се Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ. 

Европската Унија финансираше 1,14 милиони евра за подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратегиска оцена на животната средина за Источниот и Североисточниот плански регион, а од проектот придобивки имаат 17 општини од овие два региони. 

Комплексноста на проблемот со справувањето на Делчево но и целиот поширок регион со комуналниот смет бара интегрирано третирање на оваа проблематика на ниво на регион. Најповикан за реализацијата на било какви проекти со оваа проблематика се Центрите за развој на источниот плански (Брегалнички) регион и Центарот за развој на Северо-Источниот плански регион под директни ингеренции на Министерството за животна средина и просторно планирање како и Министерството за локална самоуправа а во соработка со седумнаесетте општини во двата региони. Пролонгирањето на проектот за интегрално третирање на отпадот е од неразбирливи причини и веројатно поради недостиг на политичка волја во државата, но ова е акутен проблем за кој што никој речиси во државава не поттикнува дебата и потреба за негово што побрзо решавање.

Постоењето на засебни градски депонии во секоја од овие општини кои што не се уредени на соодветен начин во овие два региони како и дополнително недефинираниот голем број на дополнителни локални диви депонии низ територијата на овие општини претставува своевидна рак- рана за граѓаните на овој дел од државата. Дополнително е проблем капацитетот на комуналните претпријатија и целиот систем на локално ниво кој што треба тековно да се справува со комуналниот отпад во овие општини.

Ова е особено важно да се истакне со оглед на најновите закани од страна на новите и досега непознати вирусни инфекции (како што е Ковит-19) кои што радикално влијаат со несакан ефект кај луѓето со намалени имунитетни состојби на организмот поврзани пред се со респираторните функции на организмот.

Токму депониите низ Брегалничкиот и Северо-Источниот регион се жаришта и извор на влијание кое што делува врз имунитетот на граѓаните а тековниот третман на надлежните власти од позиција на немоќ за справување со проблемот ги остава граѓаните на цедило во оваа секојдневна битка за поздрава животна средина и право на здрав живот.

Состојбата со справувањето со отпад не е ништо подобра ниту во останатите плански региони во Македонија за што сведочат поголем број на новинарски прилози и граѓански реакции во јавноста, но очигледно во државата има поважни проблеми за решавање со години наназад наспроти овој проблем на трупање на ѓубре кое што негативно влијае врз животот на сите нас како граѓани.

Во продолжение пренесуваме само дел од нашите прилози со кои што сме го истакнувале овој проблем во државата и во регионот, во минатото а на кој што надлежните остануваат глуви и игнорантни:

Горане Трајковски и Стојче Стојковски, излезете од своите климатизирани канцеларии- Делчево се труе!!!- повикаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево
Гори депонијата во Пробиштип. Можна еколошка катастрофа
Гори депонијата во Виница. Се заканува еколошка катастрофа!
Петиција за запирање на изградбата на регионална депонија во Свети Николе!
Младите од Штип го кренаа гласот против депониите што се присутни ширум општината и регионот
Фото- вест: Востаничко Разловци сардисано од ѓубре
Вака не треба да функционира едно комунално претпријатие
Граѓаните на Кочани се самоорганизираат! Протест за чист воздух
Над Кочани- димни сигнали без интерпункциски знаци
Бошко Цветковски: Аларм за животната средина и здравјето на граѓаните на општина Лозово
Политиката поважна од граѓаните: Градоначалникот на Делчево тера кампања за Пендаровски додека на градот му се заканува еколошка катастрофа
Известување од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани: Гори, ама не на едно место!?
Прес на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани: Голем чад се крева од Кочани
И покрај полициската стража, депонијата во Кочани пак продолжува да чади, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Колумна на Никола Мицевски за Курир.мк: НЕСПОСОБНОСТ
Следна објава Д-р Маријан Миленковски: Ние не бевме тие што делеа флаери и пакети помош во време на пандемија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 543
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 517
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1170
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 499
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 568
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 305
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 386
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 535
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1516
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1839
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 759
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202123
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201923
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.