• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Димче Арсовски: -“Со Кочо Анѓушев оваа власт ниту поседува ниту пак практикува европски вредности”

септември 1st, 2018 Македонија коментари 677

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

На денешната прес конференција од партиското седиште портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски го обвини вицепремиерот на владата на Зоран Заев, бизнисменот Коче Анѓушев за непотизам во неговото работење. Имено според искажаните бројки на прес конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека фирмата во сопственост на Кочо Анѓушев инкасирала повеќе од два милиони денари, буџетски пари преку 4 јавни тендери преку Бирото за јавни набавки откако претходно Владата на СДСМ го укина Советот за јавни набавки кој вршеше мониторинг на самите постапки и Антикорупциската комисија која ги детектираше ваквите аномалии.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Димче Арсовски:

Кочо Анѓушев вети и излажа.

Вчера повторно од медиумите имавме прилика да видиме обелоденети договори каде што јасно се гледа дека Кочо Анѓушев изминатиов период не прекинал со учество на државните тендери и јавни набавки преку неговите фирми.

Пред да потенцираме за кои набавки се работи, би сакал да потсетам дека Кочо Анѓушев во јавно излагање на емисијата Топ Тема самиот кажа дека неговите фирми ќе се откажат од аплицирање на  јавни тендери и нема да учествуваат во јавните набавки.

Откога го кажа ова, Кочо Анѓушев како сопственик на фирмата Брако во 4 наврати склучува договори со државни институции на кои што тој им е вицепремиер, инкасира преку неговата фирма 2 милиони и 380 илјади денари.

Анѓушев после само 4 месеци откако јавно на телевизија кажа дека нема да учествува на тендерите и јавните набавки, склучил договор за набавка со Универзитетската клиника за кардиологија во висина од 641.920 денари.

По само 11 дена од оваа јавна набавка, како што веќе и обелоденивме пред некое време, Анѓушев преку неговата фирма Брако склучил договор со Психијатриска болница – Негорци, во вредност од 664.340 денари.

После само неполн месец од втората набавка, Анѓушев добива тендер и од Основниот Суд во Велес од скромни 82 илјади.

За на крај во месец април Анѓушев да ја добие четвртата јавна набавка за снабдување на болнички наткасни, во вредност од 988.642 денари, јавна набавка која што ја склучил со ЈЗУ Клиничка болница во Тетово.

Вкупно 4 набавки за фирмата на Кочо Анѓушев во вредност од 2 милиони и 380 илјади денари.

Ете колку Анѓушев е искрен кон македонскиот народ и ете колку му држи зборот. Зборот на  Анѓушев му држи исто како и ланскиот снег.

За на крај, вчера, Кочо Анѓушев да излезе и да каже дека директните странски инвестиции биле најголеми до сега. Најверојатно наместо на странските директни инвестиции, Анѓушев мислел на работата на неговите фирми, дека е на историски највисоко ниво до сега откога стана вицепремиер во Владата на СДСМ.

Да се грижеше Анѓушев за економијата и државата наместо за неговите лични фирми и тендерите, сигурни сме дека Република Македонија немаше да биде на работ на бездната со економски раст од само 0% и капитални инвестиции од историски најниски 20%, а граѓаните сигурни сме дека немаше да тонат во сиромаштија и да живеат полошо од било кога.

Почитувани,

Криминалното работење и сомнежот за криминалното работење на Анѓушев е пример дека оваа власт ниту поседува ниту пак практикува европски вредности за кои што сите се залагаме.

Со тендери за своите фирми и полнењето на личните банкарски сметки не се оди во ЕУ и НАТО.

На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат, а криминалците ќе одат во затвор!

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ: Учебната година започнува а образовните институции се затекнати неподготвени
Следна објава Мицкоски со клетва на Илинденците се заколна на лојалност на Македонскиот народ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 525
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 542
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

670
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

Џим Морисон и работите кои сигурно не сте ги знаеле за него

1218
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.