• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Димче Арсовски: За коалицирање ќе разговараме со сите кои ќе ја поддржат програмата на ВМРО-ДПМНЕ

февруари 17th, 2020 Македонија, Политика коментари 580

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Димче Арсовски: За коалицирање ќе разговараме со сите кои ќе ја поддржат програмата на ВМРО-ДПМНЕ

На прес конференција денеска од партиското седиште пред Македонската јавност се обрати Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Притоа тој одговараше на повеќе актуелни прашања поставени од новинарите поврзани со претстојните предвремени парламентарни избори, можното коалицирање на партијата, со профилот на кандидатските листи кои ќе ги предложат како кандидати за пратеници како и за очигледните нерегуларности во постапката при носењето на Законот за Јавно обвинителство како и за разрешувањето на Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи од страна на до вчера владеачкото мнозинство.

Во продолжение интегрално ги пренесуваме прашањата и одговорите на истите дадени од страна на партискиот портпарол Арсовски:

Прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ разговара со други партии за предизборна коалиција?

Одговор: Видете во однос на коалициите неколку пати имаме повторено, ќе напоменам и сега дека ние наназад подолго време, не е само сега овој период туку и многу подолго од претходно одржуваме одлични комуникации, конструктивни разговори со повеќе политички партии. Во однос на било какви коалиции и се останато најдобро е да почекаме да видиме што  следи во наредниот период. Од она што можам да напоменам  е дека нормално има конструктивни и пријателски разговори со сите политички партии и секоја политичка партија која што е на иста бранова должина со ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја поддржи програмата и визијата на ВМРО-ДПМНЕ  за обнова на Македонија има простор да се разговара за коалиции. Тоа е во однос на коалициите.

Прашање: Дали на листите ќе се најдат нови имиња или ќе одите со старите?

Одговор: Тоа веќе е апсолвирано прашање, неколку пати го имам одговорено, на истото прашање има одговорено и Претседателот  Мицкоски и Генералниот Секретар Јанушев. На листите ќе се најдат и нови луѓе, многу нови луѓе но, нормално е да има и дел искусни луѓе кои што нормално ќе бидат во помал број. Предност ќе имаат нови луѓе, во однос на имињата кои што ќе се најдат на листите не би шпекулирале сеуште со имиња, но можам да напоменам дека тоа ќе бидат луѓе со интегритет, кредибилитет и професионалност во својата област која што ќе ја застапуваат во Собранието и надвор од него. Тоа ќе бидат на некој начин луѓе кои што не се да речеме премачкани со било каков криминал, како што тоа е случај во  СДСМ.

Прашање: Преземате ли одредени активности во врска со начинот на донесување на законот за ЈО и Совет на јавни обвинители со оглед на тоа што пратеничката на ВМРО реагираше?

Одговор: Да, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера, во текот на вчерашниот ден по гласањето во Собранието реагираше за носењето на законите конкретно и поточно за советот за јавни обвинители. Во тој дел нашите правни експерти, правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ разгледува секакви можности, ја анализира ситуацијата и веднаш потоа ќе излезе со конкретен податок, односно со претставка која што ќе биде поднесена до надлежните институции за носењето на овој закон односно за неделовничкото носење на овој закон. Така да веднаш штом излезат со својата анализа ќе се поднесат и претставки до соодветните институции.

Прашање: Која институција би била надлежна за да ја разгледа?

Одговор: Видете тоа не би можел тоа јас да го кажам бидејќи не сум правник, но верувајте дека за многу брзо првниот тим ќе излезе и конкретно ќе каже до која институција ќе поднесе претставки која што е надлежна за носењето односно неделовничкото носење на тој закон.

Прашање: Имаше најави од потпретседателот дека ќе оспорите на Уставен?

Одговор: Да доколку тоа е можно и доколку тоа е  правнички издржано  секако дека ќе се поднесе претставка и до Уставниот суд кој што подоцна ќе треба да се произнесе. Но, сепак затоа реков бидејќи јас не сум правник и не можам да тврдам да почекаме кои ќе бидат анализите на правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ и вендаш потоа ќе се поднесе и претставка до дали Уставен суд или било која друга надлежна институција која што е засегната за оваа проблематика.

Прашање: Дали е јасно, ќе биде само до Џафери или до собранието?

Одговор: И тоа не би можел да ви кажам но сепак нормално е бидејќи претседателот Џафери на собранието ја водел седницата, многу веројатно е да биде до него и до целата пратеничка група односно мнозинство кое што гласаше за тој закон надвор од деловничкото постапување.

Прашање: До пред распуштањето на собранието не доставивте предлог за нов министер, технички министер за труд и социјала. Како ќе се контролира сега овој сегмент за време на изборите бидејќи знаеме дека техничките министри се поставени за контрола на функционирањето за време на избори.

Одговор: Видете од самиот момент од првиот момент кога беше формирана оваа техничка влада која што требаше да се погрижи за минимум услови за фер и демократски избори  јасни беа интенциите и на Зоран Заев и на Оливер Спасовски и на сите други од владата. Интенциите беа да на било кој начин се оневозможи работата на техничките министри и тоа продолжи до самото разрешување на министерката Рашела Мизрахи. Зоран Заев и Оливер Спасовски доколку сакаат да разрешуваат во однос на законите, доколку беа етички и морално како што велат внесени во целата ситуација најпрвин ќе поднесеа барање за разрешување на сите околу нив. Конкретно  Оливер Спасовски ќе требаше самиот да си поднесе барање за разрешување затоа што него го следат десетици сериозни скандали во министерството за внатрешни работи, истото и со Венко Филипче истото и со многу други функционери од владата на СДСМ. Интенциите беа јасни која е намерата да се спречи функционирањето на техничките министри, истите проблеми ги има и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој што инаку е професионалец не ни доаѓа на таа позиција како партиски истурен играч, така да бесполезно ќе беше предлагањето на било кој друг министер затоа што повторно ќе се случуваше истото кое што се случуваше на министерката Рашела Мизрахи.

Прашање: Зошто не предложивте друг кандидат?

Одговор: Веќе ви реков бесполезно ќе беше предлагање бидејќи доколку им беше намерата за правилно функционирање согласно уставот и законите Оливер Спасовски, Зоран Заев веќе одамна ќе предложеа барање за разрешување на министрите околу нив конкретно и Оливер Спасовски самиот ќе требаше да се разреши бидејќи ги следат наназад десетици скандали во секое едно министерство каде што има индиции но некаде и докази за сериозен криминал. Дали се тоа набавките на возила во министерството за внатрешни   последниот случај набавките за пасоши, дали во министерството за здравство криминалните тендери, изградбата на клинички и на стопирањето на изградбата на клинички во Штип и многу други министерства каде што има скандали со сериозен  криминал. Така да интенциите беа јасни да се оневозможи работата на техничките министри од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Јорданов: Ова е почеток на крајот за криминалните структури кои силуваа една држава, нација и закони
Следна објава Трајан Димковски и СДСМ на криминален начин сакаат да поделат земјоделско земјиште на свои партиски војници непосредно пред избори, обвинува Цветан Трипуновски
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 533
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 511
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 518
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1164
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 563
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 302
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 383
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 528
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

601
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1336
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот
Маж на денот

Ал Пачино: Еден од најдобрите но и најмудри актери во историјата на филмот

Ное 21st, 201819
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.