Бујаре, не вреди да ти ги коментира човек изјавите, оти се недоветни. Со тие изјави, ниту некого ќе исплашиш, ниту пак ќе испровоцираш. Ама, неможе а да не се забележи колку ти расте нервозата.
Пропорционално со потребата за гласови на предвремените избори. И за спасување на сопствената кожа и уште неколкумина околу тебе.
Ова, од друга страна, покажува дека паѓате од власт, нп и дека ти е дојдено времето за политичко пензионирање. Предвремено, секако, бидејќи си млад. Ама, те потрошија твоите од партија, заедно со коалициониот ви партнер.
Еден добронамерен совет, за доброто на сите: тргнете се ти и тие неколкумина како тебе и направете им место на луѓето кои се свесни и совесни, кои сфатиле дека системот на уредување не ни е апартхејд, каде малцинството го малтретира мнозинството, кои знаат дека и на албанците, како и на македонците, потребите им се исти – да има работа, да се цени нивниот труд и да имаат достоинствен живот, со квалитетни здравствени услуги и квалитетно образование. Барем триесетина такви луѓе во вашата партија познавам и самиот, а сигурно се многу повеќе. Помина времето на национал-романтизам. Дојдено е времето да се сака Македонија, а тоа значи да се биде чесен, вреден, искрен, без омраза кон другиот. Дојдено е време за обнова на Македонија.
Ако ме разбра, арно. Ако не ме разбра, жалам, ама барем се обидов.
П.С. уште две работи да ти кажам, ако можеш да ги разбереш.
Едната е, имаше еден добар филм, со наслов кој одговара на твојата изјава: “Никогаш не вели – никогаш”.
Втората е теоријата на релативитетот, на Ајнштајн, “Мерките за различни количества се релативни во однос на брзините на набљудувачите”.
Фејсбук статус на Димитар Димовски– Член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ