• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Димитар Димовски: Остануваме Република Македонија! Полнењето на избирачките кутии мора да биде санкционирано.

октомври 6th, 2018 Македонија коментари 888

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

За полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!!!

Референдумот заврши со победа на граѓаните против капитулантскиот договор на криминогената Влада. И покрај огромниот број на нерегуларности и контроверзии кои го следеа целиот овој процес, се до денот на објавувањето на официјалните резултати, граѓаните сепак порачаа – нема промена на Уставот со цел промена на уставното име, нема менување на идентитетот. Остануваме Република Македонија!

Во таа геноцидна акција на Владата, не помогна ниту општото полнење на кутии!

Референдумот на начинот на кој се спроведе, не врати во едно мрачно минато време од пред две децении. Мора веднаш да се расчисти со овој изборен криминал, за никогаш повеќе да не се повтори и да се врати основата на демократијата. Дотолку повеќе, што пред нас очекуваме да имаме избори.

Гласањето на голем број избирачки места на 30-ти септември, ја покажува тенденцијата на полнење на кутии од страна на власта и нивната криминогеност, дури и кога се работи за гласање, а не само за наместени и тендери во четири очи и меѓусебно делење на народните пари преку разни фондови за иновации или грантови.

Кривична одговорност за овие случаи мора да ја има, и за тие кои ги полнеле кутиите и за членовите на избирачките одбори кои ги дозволиле овие изборни нерегуларности и за оние кои го помагале или нарачале. Затоа, го повикуваме Јавното Обвинителство на Република Македонија да ги испита сите случаи кои ќе ги наведам во подоцнежните слајдови. А, со постапките кои ќе треба да ги отворите, најверојатно ќе излезат и голем број на други докази за изборни нерегуларности на ова гласање.

Пред законот, мораме сите да бидеме еднакви. Никој не е над Законот, па ниту Вие Обвинителе. И секој кој направил кривично дело, мора да одговара за тоа. Не смееме да дозволиме да се враќаме назад во времето на транзицијата со начинот на гласање. Напротив, мораме да ги почитуваме демократските и европските норми.

Сите кои барем еднаш излегле на гласање во својот живот, знаат дека целата процедура на гласањето од моментот на влегување во избирачкото место па се до пуштањето на гласачкото ливче во кутијата, трае околу 3 минути.

Во продолжение, со повеќе графикони и графички прикази, ќе Ви покажам кога и со која брзина, во голем дел од избирачките места се случувало полнењето на кутиите. Гласањето на овие избирачки места се одвивал по системот капка по капка и овој систем, најверојатно е награден со буџетски пари од фондот за иновации, како мошне иновативен систем.

А, за полнењето на кутиите на гласање, ќе повторам дека кривична одговорност мора да има!!!

Избирачко место во општина Сарај, с. Ласкарци.

Од 11 до 13 часот „гласале“ вкупно 230 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по неверојатни 31 секунда за наводно да „гласа“.

Избирачко место во општина Арачиново, населено место Грушино.

Од 17 до 19 часот „гласале“ вкупно 411 гласачи или на секој „гласач“ му биле сосема доволни по 17 секунди за да го оствари своето право на глас

Избирачко место во општина Сарај, с. Шишево.

Од 17 до 19 часот „гласале“ вкупно 468 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 15 секунди за да „гласа“.

Мора да има кривична одговорност за ова!!!

Избирачко место во општина Сарај, населено место Долно Свиларе.

Од 15 до 17 часот „гласале“ вкупно 495 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни неверојатни 14 секунди за да „гласа“. И можете да приметите дури 56% од гласачите „гласале“ токму во овие 2 часа.

Го имаме рекордерот во полнење кутии на гласањето – Избирачко место во општина Центар Жупа, избирачко место 0563.

Од 18.30 до 19 часот значи за половина час „гласале“ вкупно 331 гласачи или на секој „гласач” му биле доволни по 5,4 секунди за да „гласа“, ова е најверојатно квантниот скок за кој премиерот Заев говореше пред референдумот.

Вице-Евро-Рекордер во гласање е Избирачко место во општина Струга, с. Велешта да, тоа е она познатото село кое што го знаеме изминатите години наназад.

Од 18.30 до 19 часот повторно за половина час „гласале“ вкупно 199 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 9 секунди за да „гласа“.

Избирачко место во општина Сарај, општината која што е „најевропска“, избирачко место Долно Свиларе.

Од 15 до 17 часот „гласале“ неверојатни 360 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 20 секунди за да наводно „гласа“.

Интересно е избирачко место во општина Гостивар, с. Форино, родното село на спикерот македонскиот парламент, Талат Џафери, кој како што кажа го немало во избирачкиот список, но затоа неговите сожители биле навистина „брзи“ во гласањето.

Од 15 до 17 часот „гласале“ вкупно 179 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 40 секунди за да „гласа“.

Не можам да не го споменам избирачко место во општина Кичево, с. Зајас, родното село на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот на владејачката ДУИ не знаеме дали гласал, но затоа знаеме дека неговите сожители биле на „висината на задачата“ и „брзи“ во гласањето.

Од 17 до 19 часот на избирачкото место 0815 во с. Зајас, „гласале“ вкупно 350 гласачи или на секој „гласач“ му биле доволни по 20 секунди за да „гласа“.

Ова се само дел од изборните полнења на избирачките кутии за кои ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во која се наведени преку 200 лица односно 207 лица со име и презиме, а кои што учествувале во избирачкиот процес како претседатели на комисии, нивни заменици и членови на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Студеничани, Кичево, Желино, Боговиње, Сарај и други општини, како и против непознат број на службени лица, вработени во МВР кои на денот на гласањето биле на служба на овие избирачки места и непознат број на сторители кои го организирале и го извршиле полнењето на гласачките кутии, со сериозно основано сомнение дека е направен сплет од шест кривични дела, и тоа:

  • Злоупотреба на службена положба и овластување,
  • Несовесно работење во службата,
  • Злоупотреба на избирачко право,
  • Изборна измама,
  • Фалсификување или уништување на деловни книги, и
  • Повреда на тајноста на гласањето.

Над 50.000 гласови биле злоупотребени во текот на референдумот односно кутиите биле наполнети со 50.000 гласови со луѓе кои воопшто не се појавиле на гласачките места.

Почитувани, ова е уште една причина за смена на Републичкиот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, што е неминовност заради неговото нестручно и несовесно работење, односно неработење со што прави злоупотреба на службената должност. Јовески мора да замине заради демократијата во Република Македонија. Референдумот и во кампањата и на денот на гласање, помина во најнедемократска атмосфера, со поткупи, со уцени, со закани, со лажење и со лажно претставување преку кол-центри, до полнење на гласачките кутии. За цело ова време, Јовески не мрдна со прст, чекаше и сеуште чека некој да поднесе на претставка или кривични пријави кои потоа ќе бидат поднесени и најверојатно ќе завршат во неговите фиоки.

Референдумот е јасна порака до владата, заминете си! Референдумот не помина, Договорот не помина, преименувањето не Република Македонија не помина кај народот. Промените на Уставот нема да поминат, ниту шверцувањето на против уставни амандмани со кои сакате да избришете Република Македонија, нејзина нација, историјата, културата, науката и идентитетот, нема да ви поминат. И Законот за ратификација на Договорот донесен на сила не може да ви помине. Едноставно, Владата предводена од Заев, Димитров, Шекеринска, Бујар Османи, не помина кај граѓаните, на најскапата анкета која е спроведена, а за која потрошија милиони евра народни пари. И за ова, брзо ќе дојде времето кога ќе морате да сносите одговорност

Време е да се врати вербата во демократијата и во институциите.

Со ваков републички Јавен обвинител и со вакво судство кое е клекнато на колена, тоа е невозможно. Затоа, уште еднаш на крај, ќе повторам дека бараме Јавниот Обвинител, Јовески да биде разрешен, на негово место да се избере стручен, чесен и динамичен обвинител, на предлог на опозицијата, а Владата да ги тргне канџите од судството.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Редовна координација на Коалицијата "За подобра Македонија"
Следна објава Никола Груевски во 03.00 часот по полноќ: Нема да ме скршат! Не потклекнувајте поради мене на штета на националните интереси на народот!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 541
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1143
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1965
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.