Во емисијата “Само вистина” на КАНАЛ 5 ТВ носителот на листата на кандидати за пратеници од редовите на Коалицијата за Обнова на МАкедонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 4-та Изборна Единица Александар Николоски, преку пример го илустрираше апашкото поведениe на актуелната власт во однос на трошењето на јавните пари на граѓаните за сопствени плати и придонеси.
“Директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп зел плата од 209.653ден за месец Февруари!
Апашлук и криминал.
Додека луѓето не можат да добијат фер цена за откуп на тутунот, директорот назначен од владата зема плата колку што изнесува годишниот профит од макотрпна годишна работа на едно семејство за одгледување на тутун.
Овој Апашлук мора да престане!”
-соопшти Александар Николоски.