После долги години општина Македонска Каменица врши систематско чистење на базените во системот за водоснабдување со вода за пиење на жителите на Македонска Каменица. Денеска започна акција за чистење на сите базени преку кои се врши достава на вода за пиење за каменичани со што очекувањата се дека ќе се подобри квалитетот на водата за пиење за домаќинствата во ова рударско градче на истокот од државата.
Целата акција се очекува да заврши кон крајот на тековната недела.