Од продукцискиот тим на Do Zora „До Зора“ Delcevo фестивалот, кој традиционално се организира секоја година во Делчево дадоа конечен завет дека после сите перипетии, подеми и падови, сите предизвици но и многу позитивни моменти во досегашната историја на оваа културна манифестација-единствена од ваков вид во овој дел од Република Македонија,
“ДО ЗОРА” фестивалот продолжува да живее вечно
На официјалниот настан креиран на фејсбук, од каде организаторите на овој значаен настан за младите пред се во општината Делчево и поширокиот регион, веќе ги упатија долгоочекуваните први информации во врска со истиот, можат да се забалежат особено охрабрувачки тонови и перспективен развој на настаните…
Она што останува како неодговорено прашање, од досегашните информации е локацијата за реализација на настанот, имајќи предвид дека во изминатите години овој фестивал имаше неприлики при дефинирање на истата.
Од сите досегашни изданија на “До Зора” Фестивалот се чини најдобар избор за негова локација беа првите години кога фестивалот се случуваше под закрила на зеленилото, ливадите и старата селска архитектура во селото Стар Истевник.
Каде ќе се реализира овогодинешното негово издание останува да видиме, а Брегалнички.мк ќе биде во тек за сите актуелности да извести од самиот настан.
Во продолжение ја пренесуваме првичната информација за настанот упатена од страна на организаторите во јавност преку социјалните мрежи:
“Огромна благодарност упатуваме за сите досегашни партнери, волонтери, институции, приватни компании и секако најважните-фановите на „До Зора“ фестивалот.
Без сите Вас фестивалот „До Зора“ немаше да биде она што е и соработката и искуството на повеќе нивоа со сите Вас ни даваат инспирација и мотивација да продолжиме и понатаму.
Медиумот ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА не случајно е одбран како наш јазик за кореспонденција со сите наши истомисленици.
Зошто транс музика?
Едноставно- Транс музиката е расположение кое што неможе да се предвиди, може само да се доживее и да се памети.
Нашиот и Ваш фестивал „До Зора“ во повеќегодишното свое постоење досега промени 3 различни локации. И сите тие си имаат своја специфична позитивна и негативна страна. Со голем број убави но и неубави моменти.
Свртени кон иднината нашиот организациски тим оцени дека „До Зора“ треба да се врати на своите корени.
Оттука имаме особена чест и задоволство да соопштиме дека овогодинешниот и сите наредни фестивалски изданија на „До Зора“ ќе се реализираат фиксно на 2-ри Август почнувајќи од оваа година 2019, на локација надвор од градската средина која што ќе биде објавена пред почетокот на фестивалот.
Нашиот тим на „До Зора“ и оваа година на време сака да извести и да Ве покани да бидете дел од нашата приказна со искрено и целосно верување и ветување за добра забава и журка. За сите новитети и детали следетене на официјалната ФБ страна и официјалниот евент.
И за крај како би допринеле сите за ширење на нашиот позитивен дух за добра забава на фестивалот „До Зора“ ве замолуваме да го споделувате масовно зборот за истиот како знак за негова поддршка.”