• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

Дончо Штипјанчето-симбол на цврстата лојалност кон Организацијатa

декември 19th, 2018 Македонија, Македонска бесмртност коментари 1717

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Дончо Штипјанчето-симбол на цврстата лојалност кон Организацијатa

Андон Стојанов Тошев 

(Ерџелија, Светиниколско, 1867 – Ќустендил, Бугарија, 15 април 1931) познат како Доне Тошев или Дончо Штипјанчето бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и деец на Македонската револуционерна организација. Станал синоним на револуционерна тврдокорност.

Тој е роден на 20 jуни 1867 во Светинколското село Ерџелија, тогаш во Османската империја. Негови родители биле Стојан Илиев-Тоше и Мита. Учел шест години во бугарско егзархиско училиште во Штип, а потоа изучувал занат и од 14 години почнал да работи како кожар по селата. Тој активно учествувал во штипското егзархиско читалиште Дејателност каде се запознал со животите и делата на Васил Левски, Христо Ботев и други бугарски револуционери. Некаде околу 1888 година се оженил со Катерина(1863-1958).Таа била ќерка на иконом поп Апостол Поликарев (поп Паликарија) штипскиот делегат кој ја преставувал Ќустендилската епархија на Првиот Црковно-народен собор на Бугарската егзархија во 1871 година.

Братот на Кaтерина-Григор поп Апостолов бил учител во Кочани и во 1885 година бил осуден поради обид за покренување на воружена акција против Османлиската империја, а тој починал кон крајот на 80-те години во Диарбекир. Околу 1888 година таткото на Дончо бил убиен, и сега Дончо Штипјанчето требало да се грижи за целата фамилија , почнал да се занимавa со кираџиство, односно за одреденa сума на пари пренесувал разни стоки, а оваа работа му овозможила да оствари разни познанаства кој подоцна му помогнале во револуционерната дејност.

Доне бил познат како тивок, скромен, чесен и многу трудољубив човек. Пренесувал стоки или придружувал патници. Од контактите со разни луѓе, Доне разбрал дека во Македонија нешто се подготвувало. Започнал да ги проучува местата на патиштата каде можело да има опасни средби, ги избирал луѓето каде требало да запре да одмори или преноќи. Незабележливо, тој создал мрежа на верни и доверливи луѓе, кои подоцна почнале да се организираат во револуционерни комитети.

Со доаѓањето на Гоце Делчев и Даме Груев во Штип, започнало организираното формирање на револуционерни комитети. Во периодот 1894/95 година, во овие комитети членувале мал број луѓе. Во учебната 1895/96 Гоце Делчев и Даме Груев решиле да се разделат во корист на започнатото дело. Делчев останал во Штип, а Даме Груев заминал во Солун како инспектор на Солунската школска околија. На испразнетото место, на предлог на Даме Груев, бил назначен Тодор Станков од Прилеп, исто така доверлив човек наОрганизацијата.

Тодор Станков за искуствата во средбите со Дончо Штипјанчето вели: 

За време на летото 1895 година, бев назначен за учител во Штип. Требаше да патувам со единственото превозно средство во тоа време, караваните со коњи, со кои кираџиите пренесуваа различни стоки помеѓу градовите и селата. За пазарот во Битола, преку Прилеп, често поминуваше со товари ориз Доне Стојанов од Штип, познат како скромен и чесен човек…Одевме заедно од Битола за Штип… Доне, во почетокот не беше многу разговорлив, но кога тргнавме по коритото на Брегалница и наближивме кон неговиот крај, тој полека се опушти и јас го искористив тоа да го прашам дали ги познава учителите во градот, дали знае нешто за нивната општествена дејност и друго. Од разговорот сфатив дека имам работа со умен и свесен човек, кој не е рамнодушен спрема настаните… Во Штип се разделивме, но со тоа не ги прекинавме нашите врски. Доне беше роден за организациона работа и за да го проверам, често испраќав по него писма и весници до моите роднини во Прилеп, а тој ми донесуваше писма и алишта. Задачите ги исполнуваше точно и на време. Тоа ме натера да му предложам на Гоце, Доне да влезе во Организацијата и да ја превземе курирската работа

Така Доне станал прв курир на Гоце Делчев.

Првата задача на Дончо во 1895 година, тогаш бил задолжен од страна на Гоце Делчев да ја осуети агитацијата на Александар Чакаров (родум од Велес) во името на Македонскиот комитет . Чакаров требало да покрене востание во Виничко но бил спречен во тоа. Од крајот на 1895 година Дончо покрај оружје, револуционерна литерaтура и коресподенција започнал да пренесува за комитетите и бомби кој во тој период главно биле изработувани во бомболеjaрницата на Наум Туфекчиев во Софија. Една вечер, во почетокот на април, поточно на 3 април 1896 година, Тодор Станков, во куќата на Доне, донел десет празни бомби и заедно ги сокриле во вреќите ориз. Му дал и некои писма за неговиот брат во Прилеп и уште едно писмо адресирано до Аврам во Битола. Писмото било шифрирано без печат и датум. Наредбата била во случај на опасност Доне да го искине писмото и да избега без коњите и опасниот товар. Доне ја прифатил задачата без приговор. Во сабота пристигнал во Прилеп, му го предал пакетот на братот на Тодор Станков и наредниот ден заминал кон Битола. Пред Битола, кога наближил до стражарниците Доне забележал дека сообраќајот се одвива отежнато, бидејќи имало стражари чија работа било да ги пронаоѓаат шверцерите на тутун.

Стражарите со долги метални шипки ги проверувале товарите на коњите. При тоа, забележале дека во еден од товарите, железните шипки удирале на нешто метално, па се посомневале во товарот. Кога почнале да го бараат човекот и да се распрашуваат чии се коњите, Доне го искинал писмото од Гоце Делчев, дел од писмото фрлил, дел проголтал. Го фатиле и го приморале да го извади скриениот товар. Доне и самиот се преправал дека е зачуден, кажувајќи дека не знае од каде се нашле во неговиот товар. Стражарите нашле дел од писмото, но само оној дел каде пишувало Аврам. Доне објаснувал дека тоа му било подметнато од евреинот од Виница од кој го земал оризот. Стражарите не му поверувале, па го затвориле. Тука започнале маките на Доне. Тоа се случило на 19 април 1896 година. Бил затворен во темен долап, каде не можел ниту да седне ниту да легне.

Веста дека Доне е фатен со бомбите во оризот, брзо се разнела, како во Битола, така и низ цела Македонија. Од уста на уста се пренесувало:

Фатен е курирот на Организацијата. Тој насекаде разнесуваше писма и оружје, ја знае целата мрежа и ги познава луѓето што дале клетва за верност. Ако проговори, Организацијата е загубена. Ќе ги фатат и убијат најверните луѓе.

Еден од челните луѓе на Битолскиот револуционерен комитет, Глигор Попев раскажува дека, кога разбрал дека Доне бил фатен од властите, тој го известил Петар Попарсов, па морале да сокријат се што е сомнително. Но, тој вели:

…штом дотогаш не бев уапсен, Доне не издал ништо.

Од страна на турcката власт бил подложен на најжестоки мачења но тој не издал никого. Тоа му дало можност на Гоце Делчев да се врати во Штип од планирано патување во Софија, бил испитуван од штипскиот кајмакам и бил притворен по еден месец во Скопје но набргу бил оcлободен бидејќи немало докази за поврзаност со оружјето. Дончо пак бил осуден на 101 година затвор во прангии, а оваа казна подоцна му била намалена на 15 години. 

Ѓорче Петров за апсењето на Дончо вели:

Нашиот ужас од оваа вест беше неописив. Зашто аферата беше прва по ред. Тврдината на карактерот на курирот не ни беше испитана и докажана, а ние самите не бевме прекалени, не ја знаевме судбината на писмото, ниту пак држењето на затвореникот.

Во своите “Спомени” Ѓорче Петров додава:

Доне си создаде име во организацијата како прататко на тврдоста при најголемите страдања. Така се создаде традиција, еден дух да не се искажува, да не се издава ништо…

Неговиот подвиг бил опеан од Пејо Јаворов со кого имале и лично познанство, како и од Димитар Талев кој црпел сведоштва од жена му Катерина, а херојството на Дончо е воспеано од битолчани во позната револуционерна песна Ми товарил калеш Дончо:

Го фрлија калеш Дончо

Во темни занадани,

Го мачеја пусти Турци

Во тесни долапи…

Дончо во битолскиот затвор се нашол со организациските луѓе Јордан Гавазов и Стојан Лазов, а заедно го нападнале просрпскиот настроен Мицко Крстевскикои 4 пати бил прободен со нож, а Дончо поради тоа се нашол нови три месеци во ‘долапот’ со димензии метар на метар на метар и 50, каде што бил затворен и првите 6 месеци. Од влажните мувлосани долапи во кои бил окован успеал да испрати писмо до Организацијата во кое се вели:

Поскоро ќе умрам, отколку да предадам нешто

По Грчко-турската војна, Бугарија поради својата неутралност меѓу другото издејствувала амнестија за сите политички затворени бугари (македонци егзархисти), а Дончо заедно со други 9 затвореници бил ослободен на 20 октомври 1897 година. По излегувањето од затвор заминал за Штип, но повторно бил баран од турските власти и затоа со своето семејство заминал за Бугарија зимата на 1897/98 година и се населил во Ќустендил.

Дончо ја продолжил својата револуционерна дејност и продолжил да пренесува товари со своите коњи. По смртта на Даме Груев се приклонил кон Христо Матов и Тодор Александров, а својата дејност ја продолжил во ВМРО (Автономистичка) се до 1922 година кога му се влошило здравјето.

Дончо умрел на 15 април 1931 година во Ќустендил. На неговиот погреб неговиот пријател и соборник Тодор Станков му донел венец со натписот Gaius Mucius Scaevola (Римско момче, кое било познато по својата храброст).

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Горанчо Тодоровски: Поскапувањето на сметките за вода е дрзок грабеж на делчевчани
Следна објава СООПШТЕНИЕ ДО МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 509
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 488
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 499
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1143
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 476
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 540
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 282
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 361
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 504
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

477
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2015
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4155
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201922
ВМРО-ДПМНЕ објави повик за здруженија, синдикати, комори за соработка во рамки на "Обнова на Македонија"
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ објави повик за здруженија, синдикати, комори за соработка во рамки на "Обнова на Македонија"

Окт 28th, 201922
Македонска Каменица прва и единствена во регионот ќе гради кула за рана детекција на пожри
Регион

Македонска Каменица прва и единствена во регионот ќе гради кула за рана детекција на пожри

Окт 25th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.