Општина Македонска Каменица ќе имплементира проект од програмата за Прекугранична соработка со бугарската општина Невестино. Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски денеска во јавноста информираше дека во општината ќе биде изградена кула за рана детекција за пожари која што е значајна за својата намена да го подобри системот а спрвување со пожари кои што во последните години нанесоа огромни штети на шумскиот фонд во целиот регион.
“ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА КУЛА ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Во рамки на проектот „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“ (референтен број на проектот CB006.2.12.039) кој се реализира преку Interreg-IPA CBC CCI2014TC16I5CB006 – Програма за прекугранична соработка на ЕУ, започна изградба на кула за детекција на пожари на подрачјето на Општина Македонска Каменица. Проектот се реализира во партнерство со општина Невестино од Бугарија која е водечки партнер, а вредноста на проектот за македонската страна, односно за ЈП „Камена Река“ е 196.572 евра.
Во наредниот период ќе се интензивираат работите на терен, се со цел проектот да биде комплетно завршен до јануари 2023 година и да почнат да се користат бенефитите од функционирањето на истиот.
-информираше градоначалникот Димче Атанасовски во врска со реализацијата на овој проект.