Полковник Драган Ковaчки денеска по повод 75 годишнината од падот на фашизмот во Европа се поклони пред споменикот на паднатите борци од Народо- ослободителната војна и Партизанските одреди на Македонија кои загинале од Царевоселската околија во текот на Втората светска војна.
Притоа Ковaчки на својата фејсбук страница упати силна порака дека Македонија мора да ја памети цената која ја плати за својата слобода со животите на паднатите борци за да ние денеска можеме да бидеме свои на своето и слободно да се нарекуваме Македонци.
Во продолжение ја пренесуваме во целост неговата порака пренесена преку социјалните мрежи:
“9 мај 1945 –
крај на Втората светска војна на европско тло.
Во Втората светска војна учестувале околу 2 милијарди луѓе, од кои 60 милиони загинале.
Втората светска војна ја чинеше Македонија повеќе од 24.000 мртви Македонци, Албанци, Срби, Турци, …….
Сите паднати како жртви на фашистичкиот окупатор.
Над 10.000 разрушени домови, 300.000 грла насилно одземен добиток. Неизброени и незапаметени маки и страдања.
Бројките се стравични и затоа Македонија мора да ја памети цената која ја плати за својата слобода. Ова е денот кога се поклонуваме на паднатите кои ги положија животите за ние денеска да ја уживаме привилегијата, да бидеме свои на своето и слободно да се нарекуваме Македонци.
75 години се поминати од победата над фашизмот. Државата ја изградивме на антифашистички основи. Сите ние, без разлика на партиска или идеолошка припадност, мора да се обединиме во заштитата на придобивките од победата над ова зло.
9 мај 2015 година –
Македонија е нападната од криминална платеничка група која се распоредила во Куманово во Диво Насеље. 10 мртви полицајци, наши колеги, браќа, другари,…..македонски херои.
Вечна ви слава јунаци!
Да се запамети, а да не дозволиме да се повтори.”


