Политичката партија ,,Левица”, на 8 септември (сабота) со почеток во 12:00 часот, во малата сала на Културниот дом АСНОМ – Гостивар, организира отворена политичка трибина на тема ,,Бојкотот како самоодбрана”.
На оваа трибина учество ќе земат членовите на Президиумот на партијата ,,Левица”: Џејлан Велиу, Зоран Василески и Хактан Реџеп Исмаил.
Во отсуство на јавни дебати и расправи, за исклучително важни политички теми, ,,Левица” уште еднаш ќе се обиде да го пополни демократскиот вакуум, создаден на политичката сцена во Македонија и да одговори на горливите прашања што со себе ги носи политичката реалност.
Бојкотот на претстојниот државен консултативен референдум, како единствен механизам за самоодбрана, билатералниот договор за името со Грција, како и потенцијалното влегување на државата во воено-милитаристичкиот сојуз НАТО, ќе бидат само дел од точките за кои јавно ќе се говори на трибината.
По излагањата на учесниците на трибината, ќе следува отворена дискусија на која присутните ќе можат активно да се вклучат во неа, поставувајќи прашања кон говорниците.
Политичката партија ,,Левица” и ЛО Гостивар, со задоволство Ве поканува и Ве очекува на отворената политичка трибина во Гостивар: ,,Бојкотот како самоодбрана”.
Извор: Фејсбук