Филмската ѕвезда Џејсон Мамоа кој е препознатлив по неговите мачо улоги и ликови кои носат брада на големото филмско платно, реши да ја обричи својата препознатлива брада.
И сето тоа поради кампања за заштита на животната средина од заканата на пластичната амбалажа кој немилосрдно го загадува светот во глобални рамки.
Збогум Дрого, Аквамен, Деклан, Баба! Го бричам овој ѕвер, време е за промена. Промена за подобро… за моите деца за вашите деца, светот. Ајде да направиме позитивна промена за здравјето на нашата планета. Ајде да ги исчистиме океаните и почвата.
Придружете ми се на овоа патување. Ајде да направиме промена кон алуминиум кој бесконечно може да се рециклира.
Вода во лименки, не пластика.
-изјави тој во рамки на промотивното видео наменето за подигање на свеста на глобалната светска популација кон овој проблем.