Меморијален турнир “Капетан Кирчо Димитриов“ кој траеше три дена , и во кој учествуваа 10 екипи од регионот , со најдобри резултати триумфираше екипата на “Фабијан“ од Виница, која го освои првото место и доби награда од 23 000 денари.
Втората награда во висина од 18 000 денари ја освои екипата “Расковани Шиндри“ од Штип, а третото место го освои екипата “Интер текс“ од Кочани за кои следуваше награда од 13 000 денари.

За најдобар играч беше прогласен Стојче Стојанов, за најдобар голман Марјан Стефанов, а за најдобар стрелец Кристијан Горгиев. Наградите и пехарите ги врачи претседателот на Советот Тони Велков, како и членовите од фамилијата на капетан Кирчо Димитриов.


