Покрај директорот Ридван Ибраими, кој е на боледување поради зараза од морбили, уште три медицински сестри на клиниката за Детски болести , исто така се разболеле од морбили, потврдила директорката Катерина Ставриќ.
Сите биле вакцинирани, но сега имаат морбили по допир со пациенти иако тоа не може со сигурност да се каже за економскиот директор кој пак работи само во финансискиот дел.
Епидемија од морбили е прогласена во неколку општини, а ширењето на болеста не стивнува. Информации од Министерството за здравство велат дека ширењето на епидемиите на морбили е преку контакт на заболените од периферијата на државата со клиниките и здравстевните објекти во Скопје.