• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

СТРАШО АНГЕЛОВСКИ: Се реализира сценариото – Големоалбанска реалност на Балканот

април 12th, 2019 Македонија, Став коментари 780

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
СТРАШО АНГЕЛОВСКИ: Се реализира сценариото – Големоалбанска реалност на Балканот

Со наcилно инсталираното парламентарно мнозинство на СДСМ и ДУИ пред две години, со формирањето на владата на Зоран Заев и со непочитувањето на резултатите од Референдумот од 30 септември, минатата година, сценаристите за создавање големоалбанска држава на Балканот, ги изодуваат последните чекори. Сите лаги за убавата европска иднина на државава, за високи плати и пензии, странски инвестиции и бесплатно здравство во Европа… беа, всушност, само една голема измама за преку бришењето на името на македонската држава и идентитетот на македонскиот народ, територијата на која суштествува државата на македонскиот народ насилно да се втурне во НАТО.

Претходно, заради реализација на големоалбанската стратегија пред нецели три години, уште еден сосед на Албанија, која инаку од 2008 – та е членка на Алијансата, Црна Гора без можност за референдумско изјаснување, со методи на насилство и притисоци, беше внесена во НАТО. Но, што е она што го поврзува влезот во НАТО на Македонија и Црна Гора со создавањето големоалбанска држава?

Зошто е членството во НАТО предуслов за создавање голема Албанија? За да се реализира идејата за голема Албанија, се’ почесто се заговара формирање на албански Бенелукс на Балканот, односно отворање на границите меѓу државите каде што Албанците живеат во помал или поголем процент.

Тоа, според сценаристите, би биле Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија. Откако со првиот чекор би се релативизирале постојните граници, следниот чекор би бил нивно ново исцртување според контурите на зацртаната големоалбанска држава. Првиот чекор, како исклучително важен за постигнување на крајната цел, сценаристите го претставуваат како крајно бенигно решение кое треба единствено да овозможи слободен проток на луѓе, стоки и идеи. Но, во својата суштина тоа е малигната клетка која неповратно треба да го зарази Балканот.

Малигната клетка, која галопирачки ќе метастазира и многу скоро ќе доведе до вториот чекор – исцртување на новите граници. За да може да се премине кон вториот чекор, кон исцртување на новите граници, а да не биде тоа еден вид агpесија на земја членка на НАТО, во случајов Албанија, врз две суверени држави, Црна Гора и Македонија, овие две се внесуваат во НАТО, насилно и против волјата на мнозинството граѓани.

Со тоа, се отвора патот за „мирно разграничување“ на држави кои се наоѓаат под истиот чадор, под чадорот на НАТО. Држави, кои и да сакаат, не ќе можат да побараат каква било помош, затоа што исцртувањето на новите граници ќе се претставува како „внатрешна работа“ на земји членки на Алијансата. Зашто мора да ни биде јасно дека НАТО ги гарантира безбедноста и границите на државите членки во однос на трети земји, што ќе рече, дека ги гарантира надворешните граници на својот НАТО чадор, а не границите меѓу своите членки. Дури и каков било обид, од кого било од надвор, да и’ се помогне на Република Македонија или на Црна Гора, при чинот на одземање дел од нивните територии, ќе биде претставен како чин на агpесија врз сите земји членки на НАТО.

Ова повеќе од јасно говори дека со влезот во НАТО, Република Македонија, за жал,самата ја исцртува големоалбанската иднина на дел од својата територија. Каде се наоѓа Република Србија во големоалбанските планови на моќните сценаристи Играта со Србија, заради се’ уште свежите сеќавања кај српскиот народ на НАТО агресијата врз нивната држава пред точно 20 години, заради што е невозможен скор влез на Србија во НАТО, ќе се одвива по сосем поинаков план. Имено, сценаристот за создавање големоалбанска држава, врши „силен притисок“ врз властите во Косово да се откажат од северниот дел на Косово, кој според нив со „мирно разграничување“ со нова Резолуција во Советот за безбедност при ООН, би и’ припаднал на Република Србија. Новата Резолуција, како задолжителна, прва ја спомена госпоѓата Могерини, бидејќи со новата Резолуција треба да се поништат одредбите од Резолуцијата 1244, потпишана во Куманово, а според која „независно“ Косово се наоѓа во границите на Република Србија.

Со новата Резолуција, со која на Србија ќе и’ се даде северниот дел на Косово, остатокот од Косово официјално ќе излезе од границите на Србија, официјално ќе стане независна држава, индиректно признаена и од Белград и, најофицијално ќе може да влезе во балканскиот Бенелукс, а ден потоа и во заедничка држава со Албанија. Доколку вниматело ги следиме изјавите на официјален Белград, кој се’ повеќе прифаќа „мирно разграничување“, свесен дека е тоа максимумот што во моментов може да го извлече, но и надевајќи се на евентуален домино ефект кој би ја зафатил Република Српска, ваквата разврска изгледа како многу блиска.

Ако кон тоа се додаде и изјавата на официјална Москва дека ќе прифати решение кое ќе го прифати Белград, новата Резолуција во Советот за безбедност изгледа се’ поверојатна. Резолуција со која Република Косово официјално станува независна држава, надвор од границите на Србија, како прв чекор кон реализација на големоалбанскиот сон. Со ваквиот развој на настаните, се поврзува и последната алка од големоалбанскиот синџир, а на штета на државите соседи на Република Албанија.

Засега, но само засега, надвор од овој синџир, останува Република Грција, чиј дел од територијата, сепак, многу скоро може да стане плен на големоалбанските апетити поддржани од потребата на сценаристот во свое владение да има голема и добро вооружена држава преку која ќе ги контролира „kлетите“ православни руcки браќа. Ова е цената што Република Македонија ќе ја плати, заради што со измама гласајќи за некаква „европска Мкедонија“, дел од граѓаните овозможија наcилно инсталираното мозинство, наспроти волјата на мнозинството, да не’ поведе кон патот на народната евтаназија.

Со евентуална победа на претседателските избори на „консензуалниот“ кандидат, кој нема поддршка кај огромниот дел од македонските гласачи, а очигледно, уште помалку кај албанските, „консензуалните“ СДСМ и ДУИ ваквата разврска сакаат да ја забрзаат. Само со исклучителен резултат, обединувајќи се околу кандидатот на опозицијата, предизвикувајќи предвремени парламентарни избори, постои мала надеж да го спречиме најнесаканото.

Мала, но сепак надеж, надеж која последна ќе умpе во нас. Се’ друго е пора3, пораз за нас Македонците.

Пораз за последната надеж.

Автор: Страшо Ангеловски,

претседател на МААК за НетПрес

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Април и мај месеци полни со неработни денови
Следна објава Економскиот директор на детската клиника и неколку медицински сестри во Скопје се разболеа од морбили
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 374
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 353
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 368
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 990
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 365
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 405
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 174
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 256
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 339
Жена на денот
За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

За "чудото од жена" Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица

1088
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1503
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
Мицкоски и Николоски чекаат победа на Фидеш и Виктор Орбан од денешните избори во Унгарија
Европа

Мицкоски и Николоски чекаат победа на Фидеш и Виктор Орбан од денешните избори во Унгарија

Апр 3rd, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.