Сопственик на автомобилот, кој беше кренат во воздух од експлозивна направа е советникот од ДУИ во Општина Куманово, Фериз Дервиши , објавија од порталот Кумановски муабети.
Половина час после полноќ, синот на Дервиши пријавил во секторот на внатрешни работи дека во нивниот автомобил “фолксваген пасат” експлодирала бомба .
Советникот Дервиши е член на претседателството на кумановскиот огранок на ДУИ, и познат бизнисмен.