Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија го потврди својот став по однос на прашањето за името по многуброен пат.
“Ние како партија сме кажале дека за идентитетските прашања не се преговара.
Со самото тоа што они во овие преговори кажуваат дека успеале да постигнат нешто, а лажат, самото тоа вели дека они преговараат за нешто за што не треба да се преговара” .
Ги запраша Заев и Димитров, кој им дава право да преговараат за нешто кое е веќе стекнато право на македонскиот народ.
“Јас сум Македонец, се идентификувам како Македонец и по моите корени и по она што ќе го оставам позади себе и никој нема право тоа да го порекне, а со овој договор мене ми го негираат правото да се самоопределам како Македонец и да живеам во македонска држава”
-јасно и гласно порача Мицковски.