Без оглед на се, срцето секогаш да го држиме чисто, отворено и радосно, затоа што само такво, а фрлено во најголем мрак (зло) свети најсилно!
Бадник и Божиќ 2018 ги поминав во студена, влажна, мувлосана и нечиста притворска ќелија во Шутка. За вечера на Бадник ни додоа павлака и леб.
Чувствата, дури и по цела година од тогаш, не се опишуваат, но еден ден, кога лузните малку од малку ќе зацелат, веројатно ќе успеам да кажам и пишам за се.
Денеска сакам само да споделам дека силната верба во Бога и искрената молитва се лекот за секоја болка, за секоја мака. Луѓето повредуваат и разочаруваат, но Бог, Бог е секогаш со нас ако и ние сме со него. Колку и да било тешко, колку и да биде тешко, јас, од него не се откажувам!
Туѓиот лошотилук да не направи уште подобри, на тие што ни нанеле зло да им посакаме секогаш и само убаво, за срамот да им биде поголем.
Сакам да се заблагодарам за сета поддршка што во изминатите 13 месеци, јас и семејството ја добивавме од сите вас и која толку многу значеше и даваше сила.
Сакам да ве замолам да се помолиме за сите неправедно прогонувани, за сите неправедно затворени и одделени од семејствата, за Бог да ги Благослови и што поскоро да ја видат правдата и слободата.
Ако сме верници нема да се плашиме од луѓе, но од Бога, ќе живееме со мисла и дело на богоугодие спремајќи се за божјиот суд пред кој ќе се најде секој еден и кој суд е и последен и конечен.
СРЕЌНИ И ВЕКОВНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Ова е фејсбук статус на Елена Доцевска Божиновска која беше една од притвараните за настаните од 27ми април минатата година во Парламентот.
Елена од нас можеме само да ти посакаме повеќе среќа и здравје и спокој во семејството во наредните години и да упатиме порака твоите премрежја никому да не се повторат.


