• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Елеонора Рашковска ги повика беровчани да ги вратат заедно препознатливоста и сјајот на Берово

август 28th, 2021 Регион коментари 596

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Елеонора Рашковска ги повика беровчани да ги вратат заедно препознатливоста и сјајот на Берово

Кандидатката за градоначалник на Берово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Елеонора Рашковска денеска на прес конференција од партиското седиште пред јавноста ја претстави својата визија за Берово во наредниот четиригодишен мандат.

“Мојата визија за Општина Берово е да имаме просперитетна, транспарентна и економски стабилна општина во која на граѓаните ќе им се решаваат проблемите со инфраструктурата, проблемите поврзани со комуналната дејност, општина во која институциите постојат за доброто на граѓаните, а не обратно.

Општина со која добро ќе работиме, бидејќи ако добро работиме и соработуваме, нашите деца и нашите внуци ќе остануваат во Берово и на семејните места, затоа што во локалната самоуправа ќе гледаат добар партнер за соработка, за остварување и решавање на сите проблеми кои произлегуваат до секојдневието. Пред неполн месец Берово се соочи со шумски пожари на неколку локации, а гореше во близина на самите села Будинарци и Мачево. Изгореа илјадници хектари шума, изгореа белите дробови на Малешевијата, а градоначалникот беше само нем сведок на сите случувања затоа што немаше никаква институционална ниту пак организациона моќ за да ги спречи пламените јазици. Моја визија како градоначалник е да можеме поуспешно да ги решаваме проблемите со елементарните непогоди и пожарите. Затоа што видовме со што се соочи општината пред само 20 дена. Да ја модернизираме противпожарната служба, и да ги зајакнеме човечките капацитети во неа, со цел успешно справување со елементарните непогоди. И секако во најкраток рок се што е изгорено да го пошумиме. Сегашниот градоначалник на Општина Берово во својата програма многу ни раскажуваше, дека има визија да ги задржи младите со обезбедување на нивна егзистенција, исполнети содржини за користење на нивното слободно време, но ништо од тоа не исполни. На сопственикот на фабриката која ќе овозможеше вработување на околу 200 млади не му дозволи да го приватизира земјиштето со што плати и судски трошоци и камати. Наместо да им овозможи егзистенција на младите, тој не дозволи да се рестартира фабриката да се вработат младите и да формираат семејства тука во нашата општина.

Таа додава дека потоа својата неуспешна приказна ја продолжи со реконструкцијата на старата кино сала во центарот на градот во мултимедијален центар за млади кој ќе понуди нови содржини за младите, но и од тоа ништо. И по 4 години мандат салата е уште поруинирана, младите не добија мултимедијален центар и повторно неуспешна приказна.

Стратешки проект на градоначалникот за неговиот мандат му беше реконструкција на одморалиштето на Беровско езеро, збогатено со спортски содржини, со обнова на кајакарскиот клуб и со пуштање на граничниот премин Клепало, но повторно само приказна и тоа неуспешна. Детското одморалиште за овие 4 години е поруинирано, не е збогатено со никакви содржини, од кајакарскиот клуб нема ништо, а граничниот премин е повторно статус кво. И не треба градоначалник да се чудите зошто цели фамилии се селат од нашата општина, зошто поголем број од младите не ја гледаат својата иднина во нашата општина, зошто се помалку деца се запишуваат во нашите училишта и зошто од запишаните на крајот од првото полугодие повторно има отпишување на децата заради заминување од општината. Берово е мал град, куќите стојат и се на број но секој божји ден има се помалку луѓе во нив, се помалку има ученици, се помалку има млади луѓе. Белата чума за жал е веќе присутна кај нас, но градоначалникот ниту со прст не мрда да се надмине сето тоа. Берово е мал град, но граѓаните во него се боеми со вистински градски навики и отсекогаш биле градски луѓе во правата смисла на зборот и тоа го знаеше целиот исток во Македонија. Берово отсекогаш бил град на занаетчиите, град на еснафите, град на земјоделците и на сточарите, град на културата со свое културно лето, познато и препознаено туристичко место. И затоа ве повикувам како иден градоначалник на општината да го вратиме стариот сјај на Берово, да ја вратиме автентичноста и препознатливоста на нашите села, да ги задржиме младите да бидат среќни и постарите зошто има една стара дума кај нас дека каменот е тежок на своето место.

Затоа како иден градоначалник еден од приоритетите ќе ми биде покривање со квалитетна канализациона и комунална инфраструктура во целата општина која подразбира решавање на проблемите со канализацијата и водоснабдувањето со крајна цел чиста и здрава вода за пиење до секоја куќа, до секој дом. Ревитализација на култното излетничко место за беровчани, па и нашите од Малешевијата на месноста Јуовец, место од кое имаат само убаво спомени сите генерации од Малешевијата.

Да адаптираме и пренамениме дел од паркот на кејот реката Брегалница во отворена младинска летна сцена за одржување на концерти, гостување на театарски групи и стенд ап настапи, организирање на локални културни манифестации на отворена летна сцена со цела квалитетно исполнување на слободното време на младите од општината. Имаме многу проекти за работа и многу е добро да ги сработиме, и така куќите ќе ни бидат полни и по тоа ќе знаеме дека сме успеале, зошто денес нашето најголемо богатство се граѓаните и таму каде што има луѓе, таму каде што има граѓани, има се. Да се почитуваме и соработуваме, да се слушаме и разбираме, и најважното од се, да ги решаваме проблемите а не да ги создаваме и акумулираме. Само така ќе имаме успешна општина, само така ќе имаме општина за сите граѓани.”

-рече Елеонора Рашковска на прес конференцијата

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Честитка по повод денешниот празник Успение на Пресвета Богородица од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски
Следна објава Мицкоски денеска од Берово го честиташе денешноиот празник
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 521
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 768
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 681
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 778
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 735
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 618
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1542
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 488
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 713
Жена на денот
Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

Елизабет Камбаж- несовладлив ѕид во австралиската кошарка

1207
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3111
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.