Емил Грнев е новиот тренер на штипска Брегалница. Така беше одлучено денеска на состанокот на бордот на директори на клубот, на кој на Грнев му беше дадена довербата. Тој е млад стратег кој досега беше дел од академијата Постолов – Пандев. Има А лиценца во моментов, која е доволна за да се води клуб, од втората лига.