Во интерес на градење, негување и опстојување низ овие историски времиња, на ликот и делото на Зоран Заев во продолжение ќе споделиме официјален извадок од службената биографија на Зоран Заев објавена на веб сајтот на Владата.
Израснал во скромно, земјоделско и традиционално семејство. Почнувајќи од рана возраст, тој и неговиот помлад брат биле вклучени во земјоделскиот семеен бизнис, како единствен извор на приход. Заев и неговиот брат беа воспитани да бидат вредни луѓе кои никогаш не ги одложуваат обврските и веруваат дека постои решение за секој проблем. Подоцна во својот живот, ја запознал неговата сопруга Зорица Заева со која има две деца, Александра и Душко.
Зоран Заев беше средношколец кога Македонија ја стекна својата независност во 1991 година. Покажува афинитети за математиката и беше опкружен со членови на семејството кои беа просперитетни бизнисмени, активни и почитувани во социо-политичката и економската сфера на македонското општество.
Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.
-стои помеѓу другото во објавената биографија на Премиерот на Владата и Министерот за финансии во истата влада, Зоран Заев.
Во некоја наредна прилика кога ќе се појави повторно потреба ќе споделиме дополнително интересни детали од неговата службена биографија, секако во интерес на информирање на граѓаните.
Извор: Влада.мк