Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во рамки на своето гостување во емисијата “360 Степени” која се емитуваше синоќа на АЛСАТ ТВ направи кратка ретроспектива на изјавите на Министерот за здравство Венко Филипче кој што изминатите кризни месеци граѓаните на Македонија имаа можност по неколку пати да го гледаат на телевизија во централните термини на гледаност.
“-Филипче денес го обвинува народот, а на 02.05.2020 кажал: „Ја добивме битката, не го оптеретивме здравствениот систем и го задржавме квалитетот на услугите.“
-На 22.05.2020, кога им се брзаше за избори, Венко Филипче вели: „Изборите би биле безбедни, ако се почитуваат мерките и истите можат да се одржат.“
-На 26.05.2020: „Битката со вирусот е добиена!“
-Денес, тврдат дека народот е крив за тоа што имаме пандемија и за нивната НЕСПОСОБНОСТ!”
-соопшти Николоски со што направи соодветна градација и го разобличи дејствувањето на Венко Филипче во изминатиот период кој што е врвот на пирамидата во Министерството за здравство во однос на одговорноста за јавното здравје во Република Македонија.


