Полициски службеници на регионалниот пат Куманово – Свети Николе кај местото Искрин мост во возило откриле 18 мигранти од Авганистан и Пакистан.
Мигрантите се наоѓале во автомобил „фиат скудо“ со струмички регистерски таблици, сопственост на З.З. (27) од Струмица.
Мигрантите се пренесени во Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка, соопштија од МВР.