Музејот на современа уметност викендов беше преполн со деца, каде меѓу лавиринтот со книги секое дете може да се пронајде, и да избега од секојдневниот хаос на реалноста и да се препушти на магијата.
Литературата за деца е пред нови предизвици да привлече што повеќе читатели.
Литературата за деца е таа која треба уште во најрана возраст да разбуди емпатија кај детето и токму првата средба со книгата или првата љубов кон пишаниот збор започнува со илустрацијата на нејзината содржина.
Вакви настани се најпотребни за децата, посебно во годините кога најмногу мечтаат и сонуваат. Книгите и илустрациите се секогаш вистинската насока за нивниот понатамошен развој.