Филхармонијата беше професионален домаќин на концертот за деца под наслов „Сонот на играчките“. Една приказна за две дечиња кои единствен сон и желба им е да станат диригенти, а за да сето тоа биде бајковидно, во нивниот сон им помага волшебник. Оркестарот го водеа македонските но и европски музички диригенти Виктор и Елена Митревски. Присутните имаа можност да уживаат и во делата на Дебиси, Григ, Понкиели, Моцарт, Бизе и Елгар. А најмладите гости беа воодушевени од бајковидноста, духовитоста и од начинот на кој се изведе целокупниот настан.
Филхармонијата со прекрасен концерт за најмладите „Сонот на играчките“


