Со Решение на Централниот регистар на Република Македонија издадено пред два дена на 24.09.2020 година Генералниот директор на АД Водостопанство на Република Македонија Иљми Селами е назначен и за раководител на подружницата на ова акционерско друштво во доминантна сопственост на државата во Свети Николе.


За овој чин реагираа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе кои му честитаа на новиот директор ваквата функција.
Нивната реакција во врска со ова назначување ја пренесуваме во продолжение:
“Од податоците запишани во Централниот регистер јавно објавени на 24.09.2020 година се гледа дека Водостопанство Свети Николе има нов Раководител на местото на пензионираниот.
Генералниот директор сега е и овластен на подружницата во Свети Николе.
Нека му е со среќа на новиот Директор/Раководител.
Од вчера во Светиниколско започна спроведувањето на овластувања по раковен клуч.Во општина со 0% Албанци се овластува ни помалку ни повеќе Директор/раководител.
ОО на СДС од Свети Николе дали падна на тоа дереџе да немаат свој кадар да раководи со оваа установа од круцијално значење за земјоделците?!?
Нека ни е наздравје….дојде ЖИВОТОТ!!!”
За ваквата реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во јавноста преку социјалните мрежи реагираа со демант и од СДСМ кои што посочија на внатрешен документ “Овластување за потпишување акти и документи” од 30.06..2020 година

со кој тврдат дека за раководител на подрачната единица на Водостопанство во Свети Николе е овластено лицето Митко Костадинов.
Нивниот демант го пренесуваме во продолжение:
“ДЕМАНТ !
Почитувани граѓани на Општина Свети Николе, сведоци сме на секојдневни лаги и манипулации од опозициската ДПМНЕ, за жал се обидуваат да ве дезинформираат и манипулираат со лажни вести дека во Свети Николе е назначен Албанец директор, вистината е следна..
Илми Селами е речиси 3 години директор на А.Д. Водостопанство на Република Северна Македонија.Со заминување во пензија на В.И. на 1 јули за овластен за подружницата Свети Николе е назначен Митко Костадинов и тој е одговорно лице за подружница АД Водостопанство Св.Николе.”
