• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Гоце Марков: НЕ СМЕ БУГАРИ!

јуни 5th, 2019 Македонија коментари 1347

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Гоце Марков: НЕ СМЕ БУГАРИ!

,,Кралевина Македонија,,?!

ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ

Почнуваат и јавно да се поставуваат приговорите дека “друго било Бугарин и бугарски јазик, а друго Македонец и македонски јазик” и отворено да се реагира: “Ние сме Македонци, не сме Бугари”.

И кога барањата станаа јавни, се виде принуден и самиот П. Р. Славејков на 18 јануари 1871 год. отворено да настапи со статијата под јасен наслов “Македонското прашање”, во која признава дека “уште пред десетина години од некои Македонци” ја слушал таа идеологија што сега веќе прераснала во “мисла што мнозина сакаат да ја спроведат во живот”.

Тој “многу пати” слушал од овие идеолози дека Македонците не се Бугари и дека тие отворено му изјавувале: “Се откинавме од Грците, под други ли да паднеме?”.Во Македонија постоеше изразита жед за учебници на македонски јазик. Во 1872 год. кукушкиот учител Венијамин Мачуковски најави дека има подготвено граматика на “македонското наречје” и бара претплатници за објавување. Тоа предизвика најжестока фронтална реакција во бугарскиот печат во Цариград и Букурешт, бидејќи ќе значеше кодификација на еден посебен литературен стандард.

Таа полемика уште повеќе го засили македонското национално движење. Во моментот кога се пренесуваат слухови за спогодба на Бугарската егзархија со Патријаршијата за сметка на македонските епархии, шест големи македонски епархии, по пропаѓањето на обидот да ги извојуваат своите права преку протестантизмот, одново го подигнуваат прашањето за унија со Римската црква и се поведуваат разговори за вклучување на цела Македонија во ова национално-политичко движење.

Оценувајќи дека Егзархијата конечно ги губи македонските епархии, бугарскиот егзарх, пак со помошта и на руската дипломатија, во почетокот на 1874 год. го испраќа П. Р. Славејков во Солун со специјална тајна мисија да ја неутрализира унијата во Македонија. македонскиот народ е посебен од бугарскиот, македонскиот јазик не е бугарски, Македонците треба да имаат своја црковна хиерархија и сопствена национална просвета.Ѓорѓија М. Пулевски во Белград го објави својот (втор) “Речник од три језика с.(лавјанско)македонски, арбански и турски”, каде што ги изложи и контурите на македонската национална програма: “Нашето отечество се велит Македонија и мие се именуваме с.(лавјано)Македонци, бидејќи “и Македонциве се народ и местово нивно е Македонија”, а “македонскијот јазик је најсроден со црковно-славјанските книги и тој је старославјански”.

Во 1876 година избувна Српско-турската војна. Македонската национална програма веќе беше конципирана и проверена во народното движење. Како резултат на тоа се крена и првото националноослободително македонско востание – Разловечкото. Тоа беше синхронизирано со Босанско-херцеговското и со Априлското бугарско востание, но си имаше своја програма и сопствени цели. Источната криза дојде по Цариградската амбасадорска конференција (1876-1877) што го разгледуваше и предлогот за една посебна биполарна држава Бугарија, составена од две автономни области со посебни престолнички центри – Трново за Бугарија и Софија за Македонија – по угледот на тогаш скоро востановената дуалистичка монархија Австро-Унгарија (1867). Тоа беше и првиот меѓународен форум што непосредно ја тангираше судбината на Македонија и Македонците како субјект.

Како продолжение на Источната криза избувна и Руско-турската војна (1877-78). Таа заврши со Санстефанскиот прелиминарен договор што предвидуваше да ги вклучи сите епархии на Бугарската егзархија во една голема Бугарија на Балканот. Од Македонците тој беше сфатен како реализација на заклучоците на Цариградската конференција за создавање биполарна држава и затоа мечтаеја за “кралевина македонска”.

Бидејќи предизвика голема реакција и во соседството и кај големите сили, прелиминарниот договор беше ревидиран со Берлинскиот договор (1878), кога беше создадено вазалното Кнежевство Бугарија, беше дадена автономија на Источна Румелија, а Македонија и беше вратена на Турција со магливи ветувања за автономија.

Меѓутоа, соседите со сите сили и средства ја спречуваа таа автономија, а Турција мошне успешно ја одлагаше преземената обврска. Но тој недоволно конкретизиран чл. 23 со меѓународно ветената автономија, иако изречно не ја ни спомнуваше Македонија, стана програмска надеж што се рефлектира во сите натамошни акции на Македонците во ослободителната борба.

(Користена лутература-Блаже Ристоски)

Гоце Марков

-колумнист, Македонец, македонист и Човек

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мотивација - Најмоќните цитати на сите времиња
Следна објава Васил Маневски: СЕ ПРАЗНАТ МАЛЕШЕВСКИТЕ СЕЛА
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 703
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 641
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 663
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1317
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 596
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 690
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 365
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 457
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 665
Жена на денот
Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

Анастасија Гизерскаја-модел кој напорно работи за својот статус

943
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2135
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1463
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

Ное 21st, 202216
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.