Од граѓанската инцијатива “Го сакам Водно” и во текот на денешниот ден имаа повеќе активности со цел за спречување на нерегуларното работење на градежната механизација на фирмата изведуваш која работи на трасата за изградба на новиот гасовод кој што треба да го снабди Скопје со природен гас за енергенс.
Како резиме на нивните денешни активности објавија соопштение кое го пренесуваме во целост:
БАРАМЕ ИТНО ЗАПИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТВНОСТИ на Водно.
Горе и во моментов се работи со огромен број на неправилности!
Oд базични означувања на градилиште, потребна документација, услови, соодветен надзор, па се’ до НЕМАЊЕ официјален документ за изменета траса и одобрение за градење по ТАА ТРАСА.
Како и немање на Решение ЗА СЕЧА за ваква ИЗМЕНЕТА ТРАСА.
Инспекцијата е комплетно НЕФУНКЦИОНАЛНА и натаму си ги префрлаат надлежностите.
Покрај нашите доставени претставки изминатиот период, како и денешната претставка, никој не е санкциониран и понатаму се работи на диво.
Бараме правната држава да профункционира и да се стави крај на непочитување на прописите и законите!
Бараме ИТНО постапување на инспекцијата!
Ние не сме ниту инспекција, ниту надзор, ниту пак треба да бидеме!а поради нефункционалните контролни механизми бараме:
ОТСТРАНЕТЕ ЈА MЕХАНИЗАЦИЈАТА ОД СРТОТ НА ВОДНО!