Професионален уметник од Швајцарија преку уметнички мурал на зидот од ОУ “Гоце Делчев“ во Виница , испрати порака до младите, “да ја сакаат, чуваат, но и почитуваат природата“.
Уметникот Рафаел, неколкудневниот престој во Виница, го искористи да остави нешто за Виничани, но и да ги научи децата на нови техники во уметноста. Материјалот за овој уметнички графит го донираа нашите иселеници од Швајцарија.
“ Тука сум бидејќи имам многу пријатели од Виница, но и од Македонија во Швајцарија. Нашата идеја беше да направиме нешто за училиштето во Виница и за луѓето овде.
Преку ова дело сакав да испратам порака до децата да мислат позитивно, да ја почитуваат природата, но и да бидат внимателни со неа. Да размислуваат позитивно, да се вратат на природата и да ја сакаат. “
– истакна Рафаел.