Со изложба на карикатури од карикатуристите на тема “Часовникот на судниот ден“ , на 22 октомври (понеделник) започнува Фестивалот за хумор и сатира Ин Виница Веритас.
На отворањето на фестивалот ќе бидат доделени признанија на основоположниците на Фестивалот, а добредојде на гостите ќе им посакаат Стрезо и Никола со вториот дел од кабарето “Од две мајки браќа“.
Во вторник е Интернационалната вечер за хумор и сатира со промоција на книгата од Миле Ѓорѓијоски “Трагачи на парадокси“ , која на 27 октомври ќе биде промовирана и во Белград, а во рамките на вечерта ќе биде отворена изложба на карикатури од Дарко Дрљевич.
Претставите во кои ќе може да ужива публиката се “Кец на десетка“ на МНТ; “Дони Дарк“ на Театарот Комедија; “Мани, Мани, мани“ на театарот “Трајко Прокопиев“ од Куманово, а ќе гостува и театарот од Трјавна со претставата “Љубов под хипноза“.
Картите за претставите во продажба ќе бидат пуштени од понеделник – 15 октомври.