На 16-то издание на Меѓународниот салон на стрип во Велес, учествуваа 184 стрипови од 24 различни земји во светот.
На свеченоста што се одржа во Ликовниот салон во Велес беа доделени и наградите:
„Златен стрип“ на авторите Алекса Гајиќ и Марко Стојановиќ од Србија, втората награда на авторите Владимир Кузманов, Катрин Месар од САД и Владимир Попов од Србија. Третата награда му припадна на авторот Фернандо Соса од Аргентина. Наградата за уметнички израз ја доби Душан Гачиќ , а наградата за најдобро сценарио Предраг Ѓуриќ од Србија.
За значењето на салонот и воопшто стрип-уметноста, на свеченоста говореше Ване Трајков, извршен директор на Стрип центарот на Македонија, со седиште во Велес.