Каракамишева на својот фејсбук профил укажа на крикнувањето на власта поради немањето на двотретинско мнозинство за промена на името.
Таа додаде Заев и неговите се однесувале како паши во тој процес и дека дефинитивно живееле во филм дека ова ќе им помине така лесно.
“Не можеле ништо без опозицијата,немале двотретинско мнозинство-крикна Заев. А кога скришно се договаравте, кога се однесувавте како паши во процесот не се сетивте дека немате 2/3 или тогаш бевте во филм. И 240 пратеници да имате, уште едно собрание да ви изгласаат вашите газди, џабе ви е. Народот ви кажа НЕ за промена на името!”
– напиша Каракамишева.