Јавните набавки во ЈП „Исар“ и во Општина Штип ги подгреаја страстите кај власта и опозицијата во Штип.
Денес најпрво на пресс излегоа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој ја обвинија локалната власт и директорот на ЈП „Исар“ за непродуктивни трошења на народните пари. Влатко Николовски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ истакна:
-Минатата недела бевме сведоци на скандалозна одлука за високата сума пари предвидени за пијалоци во општина Штип во висина од 600.000 ден. оваа недела пак, директорот на ЈП Исар троши нови 25.000 евра за набавка на пијалоци и сладоледи за потребите на најголемото јавно претпријатие во Штип. Па така ЈП Исар и Општина Штип ќе потрошат дури 35.000 евра народни пари за засладување и освежување во двете институции, или онолку пари колку што е потребно да се асфалтира една поголема или неколку помали улици во Штип.
Oва го побуди на реакција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски па истиот преку Фејсбук статус им одговори на ВМРО-ДПМНЕ во кој пишува: Една информација за Дпмне:
Во ЈП Исар трошоците за нафта во нивно време достигнувале од 1.400.000 до 1.700.000 денари месечно.
Денеска откако СДСМ е на власт трошоците за нафта се околу 700.000 денари месечно.
Затоа денеска граѓаните плаќаат помали сметки за вода во Штип.
Заврши времето на криминално работење, ние работиме чесно, одговорно и транспарентно, во интерес на граѓаните.


