Изминатите неколку денови во Штип е забележано масовно труење на кучиња. Оваа појава е посебно изразена во околината на населбата Сењак каде се забележани и најголем број на случаеви. Покрај кучињата скитници жртви на отровот се и неколку домашни кучиња. Сторителот на ваквиот чин е непознат а начинот за негово пронаѓање е речиси и невозможен. Од Општина Штип за ваквиот проблем велат дека во текот на месец март ќе извршат заловување на 20 кучиња скитници во градот, постапка која ја направиле и минатиот месец. Од таму додаваат дека како трајно решение на овој проблем гледаат во изградба на стационар за кучиња со кој ќе стопанисува ЈП „Стипион“, постапка која веќе била во тек. Додека да се реши ваквиот проблем овие појави ќе претставуваат исклучиво опасна појава со оглед на тоа што отровот е расфрлан на фрекфентни места па лесно може во контакт со него да дојдат и обичните граѓани посебно најмлите деца.