Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов денеска по повод навршувањето на 100 дена од започнувањето на неговиот градоначалнички мандат во јавноста излезе со презентација на досега реализираните проекти за подобрување на животот на жителите на општина Карбинци:
“100 ДЕНА РАБОТА ЗА ОПШТИНА КАРБИНЦИ ![]()
Почитувани драги пријатели,
Општината е нашиот дом. Со цела сила сакаме да покажеме дека можело поинаку, дека оваа наша општина може да биде многу поубаво и помирно место за живеење.
За 100 дена успеавме да:
Исчистивме 2 големи депонии на територија на Општина Карбинци, на исчистените локации поставивме табли на кои се алармира дека е забрането фрлање на отпад.
Асфалтиравме улица во село Таринци.
Целосно го завршивме започнатиот проект кој се градеше со години, мостот и пристапниот пат во село Карбинци.
Започнавме партерно уредување на влезот во селото Таринци.
Започнуваме со реализација на уште една улица во село Долни Балван.
Набавени нови детски играчки за дворот во детската градинка ,,Кокичиња”
Одобрен проектот за реализација за доградба на детската градинка ,,Кокичиња” со капацитет за дополнителни 50 дечиња.
Исчистени повеќе јавни површини во селата Крупиште, Балван, Таринци, Карбинци, Радање и Аргулица.
Обезбедивме проекти за:
1. Реконструкција и доградба на нова училишна зграда во Таринци
2. Нова детска градинка во Карбинци
3. Уредување на одводниот канал ,,Герен”
4. Елаборат за отстранување на објект ,,Спортска сала” во Долни Балван
Во завршна фаза е уредувањето на речното корито на река Козјачка во Карбинци
Уредно легализирани над 20 предмети кои со години чекаа завршница, а веќе се работат и преостанатите.
Во завршна фаза е инфраструктурното уредувањето на индустриската зона.
Завршен е пристапниот пат до село Парналија.
Уличното осветлување се подигна на многу повисоко ниво со брзи и ефикасни интервенции.
Неколкуте наноси на снег беа експресно брзо расчистени.
Ја отворивме Општина Карбинци за народот, сега буквално секој граѓанин може да закаже средба со градоначалникот преку телефонски повик.
Ја забрзавме работата на општинската администрација.
Лично јас како градоначалник се откажав од сите репрезентативни трошоци.
ДЕЛ ОД ПРОЕКТИТЕ ШТО СЛЕДАТ НАСКОРО:
Афлатирање на 2 улици во село Карбинци
Нова улица во село Радање
Реконструкција на патот Таринци – Долни Балван со велосипедско пешачка патека
Доградба на детската градинка ,,Кокичиња”
Дворно уредување на детската градинка ,,Кокичиња”
Нови асфалтни површини во село Кучица, Козјак, Аргулица
Реконструкција на малото спортско игралиште во Карбинци
Реконструкција на главна улица со тротоари во село Таринци.
Со цело
за Општина Карбинци
Идеата е поставена, по секоја цена одиме до крај.”
-соопшти Виктор Паунов- Градоначалник на општина Лозово


