• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Груевски: Ние во Зрновци нудиме концепт во кој ќе нема неасфалтирана улица и ќе има парк во секое маало

октомври 25th, 2017 Македонија, Регион коментари 997

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Она што на големо овие денови се турка од актуелната власт е сеење на страв, агресија, заплашување, уцени, злоупотреби од полиција, закани како и тортура за да не се види реалната слика во која живее народот, ова го потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Зрновци.

Погледнете овие пет месеци откако тие се на власт веќе нема проекти како во минатото, не зборуваат за економски достигнувања, инвестиции, нема веќе телевизиски прилози за нови училишни спортски сали или пак за нови училишта, нема нови фабрики, канализациски мрежи, водоводи. Исто така ги измамија и пензионерите и нема покачувања како што им даваше ВМРО-ДПМНЕ на сите пензионери, а најавија и кратење на субвенциите. Тие најново велат дека ќе ги зголемат и даноците, а оваа одлука е само уште една потврда дека тие не ги бива за работа и тоа се гледа. Сите овие работи како и дека носат чесни политичари, дека носат демократија и слобода, всушност тие на терен носат страв, тортура, уцени, закани и полиција. Пари за поткуп се делат на големо, а институциите молчат затоа што и тие се приклучени, истакна Груевски.

Тој додава дека сите видовме како  како СДСМ спроведуваат избори.

-Нема да зборам само за пукнатиот череп на градоначалникот на Шуто Оризари, за убиениот носител на советничка листа, за искршените штабови, за измислените кривични пријави против градоначалниците. Ќе ви пренесам едно искуство од она што се случува сега на терен. Илчо Захариев од Штип ми вели „Се борам против цела Влада и цела полиција. Ме следат и првиот ден после првиот круг ми упадна финансиска полиција“. Го следат секој ден со цивилни коли, им влегуваат по домовите кои тој ќе ги посети. И методот е ист, ако не успее поткуп, следува закана или уцена. Тони Трајковски од Гази Баба ми вели „Со денови еден ист човек дели пари во Јурумлери и околните населени места. Среде бел ден и мака си нема. Пријавив во полиција, нема реакција. Ги информираме набљудувачките мисии, но тие се неми“. Во Новаци им се заканувале дека ќе ги избркаат од РЕК Битола, а во скопски Бутел полицијата, активистите на СДСМ и криминалното подземје се едно исто исповрзани и во најголемо партнерство. Тоа е слика во скоро секоја општина каде има избори во вториот круг. Така беше и во првиот круг, порача Груевски.

Тој вели и дека дојде време криминалците да се на слобода, а патриотите во затвор.

-Красниќи на слободна, а Едмонд Темелко, човек кој што е борец за човекови права на Македонците во Албанија, единствен градоначалник надвор од границите на Македонија, тој во затвор. Убијците на децата во Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а дедото за кубење коса, четири години затвор, изјави Груевски.

Тој кажа дека немилите настани кои се случени на 27 април биле немили сцени кои не требало да ги има, но дека биле намерно испровоцирани. Тој кажа и дека кога гледаат колку криминалци се ослободуваат од затвор и гледаме како се апсат овие луѓе тоа е неправда и најави дека целосно ќе се застане зад нив.

-Да не дозволиме да ни ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ, во сите овие години на власт и кога беа а и сега кога се повторно тие не направија ништо за оваа општина. Во Зрновци ќе ве потсетам кога дојдовме на власт имаше 279 вработени, а заклучно со 2016 година имаме 565 вработени и тоа е дуплирање на бројот на вработените, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Во иднина ќе обезбедиме и здрав оброк за секое дете од прво до петто одделение, како и купување на сопствен дом за семејствата по симболична почетна цена од едно евро, а ќе бидат и ослободени од плаќање на комуналии. А освен тоа и социјално ранливите семејства ќе добијат отпис на долгови заклучно 30 септември 2017 година. Ние нудиме концепт во кој ќе нема неасфалтирана улица или неосветлена и парк во секое маало.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Видео:Митевски: Целосно ја променивме сликата за нашата општина – победа на 29 октомври за да ја продолжиме успешната приказна
Следна објава Груевски: Поради овие шест цели СДСМ е донесен на власт
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 423
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 525
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 630
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 580
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 676
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 604
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 478
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

746
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1589
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.