В понеделник, на 3 декември, од 19 часот, во рестoранот „Амор“ во Кочани, квартетот „Вива стрингс“ ќе одржи концерт . Присутните ќе имаат можност да уживаат во обработки на популарни рок, соул, фанк, рап и џез теми, поточно од: АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Квин, Ренси Крафорд, Ерик Клептон и други музички ѕвезди…
„Вива Стрингс“ е камерен состав оформен во 2011 година, кој сочинува две виолини, виола и виолончело. Членовите на „Вива стрингс“, виолинистите Елена Талевска и Симон Поповски, виолистката Дубравка Зајкова и челистот Дејан Теодосиевски се академски музичари вработени во Македонската филхармонија, а тројца од нив се членови на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија.
Љубителите на модерната класична музика ќе имаа можност да уживаат во прекрасните звуци на маестралните „Вива Стрингс“. Влезот е слободен.


