Членот на президиумот на Левица Хактан Реџеп Исмаил со свој личен став им укажува на претставниците на власта на аномалиите кои се карактеристични за нив на директен и експлицитен начин:
Исти бевте во:
– Разорната и општествено (социјално, еколошки, здравствено, културолошки) кобната економска политика која ја водите, поточно која не ја водите туку согласно вашиот неолиберален мајндсет ја оставате да тече сама на себе каде едни нагомилаат богатство а другите поради тоа страдаат за леб и, ако имаат малку среќа, можат да бидат робови на првите. А вие, вие само гледате колку ќе може да присоберете данок и тоа од ниските слоеви!– Потоа апсолутно исти бевте што се однесува до молзење на јавните средства. Најпрво едните, преку приватизацијата, си ги наполнивте амбарите потоа другите, преку РЕприватизација, го направија истото. Па, еве сега, едниве повторно преку ухлебување и тендеромантрање ја пеат истата похвала.
– Исти сте и во парламент – сите земате патни трошоци и надоместоци повеќе од плата!
– Исти ви се соништата – СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ! Рајот кој за нив го создадовте стана пекол за работниците а и за самата земјата!
АЛИ БЕТЕР сте во репресија, цензура и контаминација како и црна пропаганда:
– Премиерот се јавува во театар да смени одлуки за репертоар, ејјј?!
– Ви течат и претечуваат објектите кои ви ги остави претходниот режим! Абре, не сте способни да искречите тоа што го затекнавте а не пак културна преобразба да чините!
– Менувате директори на институции со директиви од штабови.
– Ангажирате ПР вработени да водат црна кампања кон вашите политички и економски непријатели и истите ги плаќате од буџетот!
Oстанатите тези на Хактан може да се погледнат на изворната статија на Aнтропол.мк