Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со својот потпис во Државната изборна комисија ја поддржа кандидатурата на Професорката Гордана Силјановска за Претседател на Република Македонија.
Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава од пред подрачната единица на ДИК во скопската општина Карпош:
Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она кое што ќе го кандитира деспотот Заев заедно со СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Република Македонија.
Ја користам оваа прилика овде од Карпош да гиповикам граѓаните масовно да се придружат и да го поддржат кандидатот Гордана Силјановска Давкова да ги повикам на 21 април масовно да излезат и да гласаат за кандидатот, Гордана Силјановска Давкова и на тој начин да отпочнеме да пишуваме заеднички, една нова историја за Република Македонија и за граѓаните во Република Македонија.


