Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во работна посета на граѓаните на општината Гостивар.
Помеѓу повеќето поддржувачи на партијата Претседателот Мицкоски ја препозна огромната енергија која е предвесник на промените кои доаѓаат во Македонија.
Во дел од своите дискусии со загрижените граѓани за иднината на Република Македонија беа идентивикувани поголем број на аномалии кои ги спроведува актуелната влада во државата преку политики кои не се во интерес на граѓаните.
-“Премиерот кој се фалеше дека ќе делел лекции за економија земјава ја води кон економска пропаст, неговата лекција се неуспеси во секое поле, капитални инвестиции за првите 4 месеци кои се дваипол пати помали од тие во минатиот период лани, буџет кој се полни поради арачот за зголемена акциза за нафта, која ја наметна владата, а е платена со парите на граѓаните и данокот на добивка од странските инвестиции кои ги донесе минатата влада, недостижни 500 евра плата кои и самите се свесни дека нема да ги исполнат и тоа си го признаваат со нивната фискална стратегија.
Народот е свесен дека економското цунами и националната катастрофа во оваа држава има име и презиме, тоа се вика Зоран Заев. И мора да се застане на патот на ова уништување. Силата е во народот, во гордиот и достоинствен народ кој има право на глас, и чија кичма не се подвиткува како на оние кој ја водат власта.
Затоа сложно, заеднички и масовно потребно е народот да излезе и да го означи почетокот на крајот на оваа неспособна власт. 2 јуни ќе биде одговорот на народот, и пораката која треба да ја добие власта, дека никој нема право да си поигрува со судбината на оваа земја и иднината на нашите граѓаните.”
стои во информативниот билтен на фејсбук страната на Христијан Мицкоски.
Пред тоа Претседателот Мицкоски имаше средба со граѓани и со активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.