Претседателката на Унијата на жени од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Христина Смилевска чии што корени потекнуваат од село Разловци, денеска по повод 144 годишнината од кревањето на Разловечкото востание упати своја порака во јавноста:
“Жив е оганот кој што разловчани го распламтеа во срцето на секој горд и непокорен Македонец во таа далечна 1876 година.
Денес кога одбележуваме 144 години од кревањето на Разловечкото востание, можам да кажам дека сум горда што потекнувам од долга семејна линија од Разловци и израсната во Разловци- огништето на револуцијата и непокорот на нашиот народ.
Слободарскиот барјак на разловчани вечно ќе живее во срцето на овој народ.
Нека е вечен споменот и делото на бесмртните јунаци кои станаа за слобода.🇲🇰”


